Луис Хајн, социолог и фотограф, бил ангажиран од страна на Националниот комитет за детска работна сила.

*На првата фотографија е девојче кое преде памук во една фабрика во Северна Каролина.
*На втората фотографија е петогодишниот Харолд Вокер кој работел напорно на полињата во Охајо.
*На третата фотографија се сестрите Делји, едната има три, а другата пет години и тие собираат шкампи за компанијата „Остриги од Мисисипи“.
*На четвртата фотоградија децата работат во рудникот за јаглен во Пенсилванија.
Овој комитет е основан во 1904 година во Њујорк, со цел искоренување на оваа појава во Америка, Луис Хајн добил задача да ја обиколи земјата и да го документира она што се случува, за да јавноста може да го сознае размерот на оваа трагедија. Тоа било опасен потфат, но тој сепак го ризикувал својот живот. Изигравал пожарен инспектор, продавач на разгледници, продавач на Библијата, дури и индустриски фотограф кој ја снима фабричката машинерија.

Фотографирал момчиња кои собирале мини, седумгодишници без чевли кои продавале весници на улица и четиригодишни деца кои работат на фарми за тутун.

Заводот за статистика проценува дека на прелазот од 19 во 20 век во фабриките работеле најмалку 18% деца на возраст од 10 до 15 години.

Храбриот социолог силно влијаел на околината со своите фотографии и така им ги отворил очите на луѓето и допринел промени во законодавството, но и покрај тоа и ден денес имаме примери каде што деца работат во најсурови услови, како што е случајот со рудникот во Боливија.

