Видео

Како изгледа куќа дизајнирана од 2 милиони луѓе?

Photo 1516156008625 3a9d6067fab5

Повеќе од 20% од населението во Шведска учествувало во дизајнирањето на „совршениот дом“ во периодот од јануари до ноември изминатата година.

Проектот бил организиран од шведскиот портал „Хемнет“. Целта на проектот била да се дизајнира идеалната куќа со помош на желбите на корисниците собрани на интернет-страницата.

– Тоа беше експеримент поттикнат од љубопитноста – изјавил претставникот на страницата, Стафан Тел за „Бизнис инсајдер“.

Од дизајнот дознаваме една работа – Швеѓаните сакаат едноставност. Домот е црвен, дрвен и квадратен. Внатрешноста е поинаква, со камин и кујна во близина на дневната соба.

Куќата се простира на површина од 340 квадратни метри, а истата би чинела приближно 300.000 евра. Веќе се планира изградба на куќата.

Прочитајте и...  Ќе ви го разубави денот: Интересна средба меѓу козичка и кученце
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top