in

Како изгледаат 9 производи пред да дојдат до маркетите?

Кока-Кола продава повеќе од 1.9 милијарди шишиња секоја година во преку 200 држави, но сепак, пред производството, не изгледа ништо како што си замислувате. Многу од познатите производи се направени од состојки за кои никогаш не би помислиле. На пример, во лакот за ноките има состојка слична на памук пред процесирање.

Лак за нокти

Голем дел од козметичките производи се користат од далечното минато, но тоа не е така за лакот за нокти. Измислен е во 20-от век. Во антички Египет, користеле хена за боење на ноктите, а ова не се прави денес.

Голем дел од компаниите користат различни состојки за производство на лак за нокти. Една од овие состојки е иста кај сите: нитроцелулоза. Оваа состојка е течна, но е измешана со микроскопски делови на памук.

Гума за џвакање

Во голем дел од светот луѓето џвакале различни ароматични супстанци за да го освежат здивот. Некои од нив биле пчелин восок, ароматични гранчиња и смола.

Денес, модерната гума за џвакање е направена од природен латекс кој се вади од дрвја. Првичната форма на оваа состојка е течност слична на млеко.

Метли

Во 1 минута се купуваат околу 1 милион пластични шишиња, а ова е загрижувачки податок за нашата планета. Затоа се наоѓаат нови и иновативни методи да се искористи пластиката по првичната употреба.

Прочитајте и...  Дознајте зошто постојано се чувствувате уморно

Постојат голем број на различни метли, но има и такви кои се направени од рециклирана пластика. Ова е креативен и корисен начин за да се искористи пластиката и да се помогне на околината.

Мускатно (морско) оревче

Морското оревче е зачин со силен вкус што се користи во многу кујни. Некои јадења се дури и непрепознатливи без него. Може да се користи во сѐ, па дури и обични шпагети ќе бидат многу поразлични со него. Сепак, морското оревче што го купуваме од маркетите е многу поразлично од тоа како изгледа кога се собира.

Оревчето расте на молучките острови. Расте на дрвја, а семенката е обвиена со кора, која има црвена боја. Кога ќе узрее, надворешната лушпа распрскува и оревчето паѓа на земјата, по што му се вади црвената кора.

Чипс

Компировиот чипс е еден од најпопуларните грицки. Најдобриот дел е тоа што можеме да ги најдеме во најразлични вкусови, форми и големини. Но, и покрај тоа што чипсот изгледа како да е парчиња од сечен компир, тоа не е точно. За да се направи чипс, голем дел од компаниите прават смеса од вода, компирови трошки и густин.

Прочитајте и...  Од овчар до милионер: Приказна која мора да ја прочитате

Смесата потоа се прави во тесто, кое се сече и се добива чипс. Следниот процес е пржењето, кое трае околу 11 секунди. Откако вишокот масло ќе се исцеди од чипсот, тие се зачинуваат, се пакуваат, и спремни се за патот до маркетите.

Огледало

Огледалата постојат околу 8000 години, а денес не можеме да си го замислиме животот без нив. И покрај тоа што во минатото тие не биле толку усовршени како денешните огледала, сепак, биле доволно добри за тоа време.

Денес процедурата за правење на огледало е многу едноставна. Основата која се користи за да се направат е обично стакло. Потоа се користат неколку различни соедниненија кои можат да служат за рефлективниот слој. Ова е така бидејќи слоевите не можат да се залепат директно на стаклото, туку мора да се залепат едни со други.

Амбалажа за вода

Пластичните шишиња се многу попрактични и побезбедни од стаклените. Исто така тие се отпорни на кршење. Затоа повеќето течности, како вода и сокови, се продаваат во пластични амбалажи.

Големите амбалажи од 10 литри започнуваат како малечки пластични цевки кои подоцна се дуваат и се формираат во добро познатите амбалажи.

Прочитајте и...  Решете ги овие загатки и тестирајте ја вашата интелигенција

Кока-Кола

Кока-Кола е најпопуларниот пијалок на планетата. Оригиналната рецепта за кока-кола која му го дава препознатливиот вкус на овој пијалок е позната само на 2 личности кои не смеат да патуваат заедно, а самата рецепта се чува во безбеден сеф.

Знаеме за една состојка – таа што му дава кафеин на пијалокот – кола. Всушност, кола е една од состојките по кои пијалокот го носи името Овој јаткаст плод доаѓа од Западна Африка, а се култивира насекаде. Во Европа е донесен околу 1500-та година, а до 19 век се користел во многу производи.

Индиски ореви

Содржат малку шеќери а многу протеини, влакна и здрави масти. Индиските ореви лесно можат да се додадат во секоја исхрана. Истовремено, тие се вкусни, и се користат и во слатки и во солени јадења.

Сепак, тие се едни од најскапите јаткасти плодови, а има и причина за тоа. Целиот процес низ кој плодот треба да го помине пред да стигне до полиците во маркетите и долг и бара многу труд. Лушпата во која е обвиткан индискиот орев е отровна, и мора да помине низ неколку процеси за да може да се јаде.

Што мислите?

2 Поени
Upvote Downvote