Случувања

Како изгледаат бели дробови нападнати од коронавирус? (ВИДЕО)

Кит Мортман, раководител на кардиохирургија во болницата „Џорџ Вашингтон“ објави 3Д видео од белите дробови на пациент што се лекува од коронавирус за да се покаже како COVID-19 влијае на промената на белите дробови за само неколку дена.

Имено, споменатиот пациент немал никакви симптоми кога било утврдено дека има коронавирус и немал хронични здравствени проблеми освен висок крвен притисок. Тој има 58 години.

„Ова не е 70  или 80-годишник, освен висок крвен притисок, тој немал поголеми здравствени проблеми. Бидејќи стана сериозно болен, тој заврши на респиратор, но дури и тоа не беше доволно, па беше поврзан на друга машина за вбризгување кислород во неговата крв “, рече Мортман.

Погледнете го текот на инфекцијата на белите дробови на пациентот во видеото подолу. Жолтиот дел од белите дробови покажува каде се шири вирусот:

Прочитајте и...  Држави во кои нема ниту еден заразен со коронавирус

Најпопуларно


To Top