Занимливости

Како изгледаат внуците и правнуците на 12 генијалци кои го променија светот

Луѓето кои го сменија светот зад себе оставија култна улога во кината, прекрасна музика и значајни научни откритија. Покрај тоа, многу од нив имаа семејства, а сега нивните внуци и правнуци ја носат генијалноста во крвта.

Анабел Белмондо, внука на Жан-Пол Белмондо

How the grandchildren and great-grandchildren of 12 great people look and do (Spoiler: some have already gone down in history)

Внуката на познатиот француски актер лесно го освои светот благодарение на нејзината убавина. Најпрво, таа влезе во модните води. Неодамна, реши да ги следи стапките на нејзиниот дедо: во 2020 година учествува во дури 2 филмови – American Night и Madame Claude.

Бенџамин Кио, внук на Елвис Пресли

How the grandchildren and great-grandchildren of 12 great people look and do (Spoiler: some have already gone down in history)

Бен е второто дете на Лиза Мари Пресли, ќерка на легендарниот американски пејач и актер. Тој претпочита тивок и скромен живот и практично не се појавува во јавноста. Него може да го видите во документарецот: Elvis by the Presleys (2005)

Талита фон Фурстенберг, внука на Дајан фон Фурстенберг

How the grandchildren and great-grandchildren of 12 great people look and do (Spoiler: some have already gone down in history)

Талита не е само наследничка на една од најпознатите модни куќи и многу убава девојка, таа е вистинска принцеза. Нејзин дедо е германскиот принц Егон фон Фурстенберг, а нејзината прабаба е претставник на италијанското кралско семејство Вирџинија Бурбон дел Монте.

Пол Ајнштајн, правнук на Алберт Ајнштајн

How the grandchildren and great-grandchildren of 12 great people look and do (Spoiler: some have already gone down in history)

Алберт Ајнштајн во слободно време свирел на виолина. Еден од потомците на големиот научник, правнукот Пол, решил да стане виолинист. Тој патувал околу светот и одржал многу концерти.

Прочитајте и...  Здрави утрински ритуали за почеток на денот

Пол вели дека на почетокот на неговата кариера, агентот му препорачал да се претставува под псевдоним за да не се открие неговата врска со Алберт Ајнштајн. Музичарот не го послушал, и продолжил да настапува под неговото име.

Сара Дарвин, праправнука на Чарлс Дарвин

How the grandchildren and great-grandchildren of 12 great people look and do (Spoiler: some have already gone down in history)

Големиот научник и автор на теоријата за еволуцијата бил заинтересиран, меѓу другото, и во ботаниката. Дали е чудо што неговата праправнука направи кариера токму во оваа област? Сара Дарвин е познат британски ботаничар. Таа подготвила илустрации за теренски водич за островите Галапагос и ја повторила светската турнеја на нејзиниот голем предок.

Во 2009 година, Сара учествувала во необичен научен експеримент во кој според резултатите било откриено дека нејзиниот глас им помага на доматите да растат.

Ројд Толкин, правнук на Џон Толкин

How the grandchildren and great-grandchildren of 12 great people look and do (Spoiler: some have already gone down in history)

Уште од детството, Ројд сакал да ги чита книгите на неговиот славен прадедо. Кога пораснал, се запознал со Питер Џексон и глумел во последниот дел од трилогијата Хобит. Киното го фасцинирало Ројд, па тој основа сопствено филмско студио и стана режисер.

Прочитајте и...  ВОЛШЕБНО: Фестивал на песочни скулптури во Остенде

Кира Чаплин, внука на Чарли Чаплин

How the grandchildren and great-grandchildren of 12 great people look and do (Spoiler: some have already gone down in history)

Многумина знаат дека Уна Чаплин, која играше во Game of Thrones, е внука на големиот Чарли Чаплин. Но, таа не е единствената. Нејзината братучетка Кира исто така ги следи стапките на нејзиниот дедо и глуми во неколку филмови.

Џада Де Лаурентис , внука на Дино Де Лаурентис

How the grandchildren and great-grandchildren of 12 great people look and do (Spoiler: some have already gone down in history)

Талентираниот филмски продуцент и режисер му претстави на светот повеќе од 170 филмови, меѓу кои King Kong, Hannibal, Evil Dead. Неговата внука не ги следеше неговите стапки, но често се појавува на телевизија. Таа има своја емисија за готвење.

Татја Старки, внука на Ринго Стар

How the grandchildren and great-grandchildren of 12 great people look and do (Spoiler: some have already gone down in history)

Внуката на тапанарот на култната група Битлси го носи презимето на нејзиниот дедо (Ринго Стар е псевдоним, всушност името на музичарот е Ричард Старки). Татја се занимава со музика исто како и дедо и, но таа избрала друг инструмент – бас гитара. Таа била дел од неколку рок групи и има снимено 2 музички албуми.

Грета Норис, внука на Чак Норис

Грета има глумено во неколку филмови. Таа е обична, нормална девојка. Води активен животен стил, волонтира и на нејзиниот Инстаграм профил објавува фотографии со нејзиниот дедо.

Прочитајте и...  Агенција за модели најмува само модели над 45 години и ја предизвикува модната индустрија- нивните фотографии се воодушевувачки

Фабијан Кусто, внук на Жак Кусто

How the grandchildren and great-grandchildren of 12 great people look and do (Spoiler: some have already gone down in history)

Жак Кусто нè запозна со убавините и тајните на подводниот свет. Внукот на славниот истражувач го поминал детството со неговиот дедо на бродот Калипсо,и благодарение на ова тој засекогаш се поврза со океанот. Фабијан Кусто, не е ангажиран само во науката. Како и неговиот дедо, тој снима филмови за жителите н подводниот свет.

Во 2014 година, Фабијан го собори рекордот на неговиот дедо: тој остана во подводната истражувачка станица 31 ден, со што го надмина резултатот на Жак Кусто за еден ден.

Скарлет Куртис, праправнука на Зигмунд Фројд.

How the grandchildren and great-grandchildren of 12 great people look and do (Spoiler: some have already gone down in history)

Скарлет Куртис ја започна својата кариера како блогер. Таа пишува за „Гардијан“ и „Телеграф“, а има и своја колумна во „Сандеј тајмс“. Скарлет е позната и по својата борба за правата на жените. Таа започна кампања против трауматските операции што ги доживуваат девојчињата во некои земји.

Пред 2 години, Куртис ја напиша книгата Feminists Don’t Wear Pink (and Other Lies) . Ова дело беше наградено со престижна награда и стана бестселер, а заработката Скарлет ја донираше.

Најпопуларно


To Top