Случувања

Како настанал најопасниот проект на Тесла- „Зракот на смртта“

Во соба број 3327 се криела опасна тајна. Нејзината детонација би збришала километри од Њујорк. Такво оружје смислил Тесла, но малку е познато што случило со овој експеримент.

Со личноста и делата на Никола Тесла запознаен е цел свет. Неговите големи откритија и пронајдоци во областа на електротехниката, физиката и радио- технологијата донеле светла иднина, каква што никој освен него не би можел да замисли. Меѓу неговите најпознати откритија се системот на наизменична струја, минијатурни електрични осцилатори, производството на Х-зрак, радио бранови и далечинско управување. Верувале или не, она што Тесла не го измислил е „зракот на смртта“- откритие кое требало да ги подмири трошоците во хотелот Клинтон, во кој поминал ги поминал последните денови од својот живот. Познато е дека пред крајот на својот живот Тесла живеел во сиромаштија.

Во 1915 година Варденклаф кулата била продадена за да се отплатат долговите кои Тесла ги имал во хотелите Валдорф- Асториа. До 1930 година Тесла повторно морал да ги подмири трошоците, но овој пат во хотелот на гувернерот Клинтон во Менхетен. Кога сфатил дека неможе да ги отплати настанатите долгови, одлучил на менаџментот на хотелот да му понуди еден од своите пронајдоци тело на силата кој Тесла го нарекувал „зракот на смртта“.

Прочитајте и...  Синот на Ребека, Маркијан нема ниту едно другарче-открива пејачката во емотивно интервју

За електричната ограда која со еден потег би убивала голем број на луѓе мечтаеле многу војски, а Тесла го убедил сопственикот на хотелот дека такво нешто и постигнал. Тесла за телото на силата тврдел дека е доволно силна за да убие цела војска или да сруши авион во секунда.

Кога Тесла починал во 1943 година, истражувачкиот центар МИТ кој во тој момент работел за Националниот истражувачки комитет, одма ја пребарал собата во која живеел научникот за да го пронајдат тајното и опасно оружје. Џон Г. Трамп, стрико на четириесет и петтиот претседател на САД, изјавил дека пред да ја отвори смртоносната кутија размислувал за својот живот.

Во дрвената кутија немало ништо освен мерни инструменти познати како Витстонов мост, кој се користел за мерење на отрпорот во сите електрични лабаратории до крајот на претходниот век.

Замислата за оружјето на иднината, Тесла го спакувал заедно со мерните инструменти во кутијата со безвременски изглед, со предупредување дека непрописно отварање на кутијата може да резултира со детонација. Познатиот светски книжевник и хуморист Марк Твен би бил горд на замислата на својот добар пријател.

Најпопуларно


To Top