Психологија

Како престојот во природа помага во борбата против стресот?

Никого, а посебно љубителите на природата не го изненадува фактот дека престојот во простор кој е богат со зеленило опушта и го поправа расположението. Науката со ова потполно се согласува.

Урбанизацијата во својот основен облик донесе многу болести кои се предизвикани од стресот.

Една студија нашла директна поврзаност помеѓу количината на дрва на улиците и нивото на намалување на стресот.

Едно истражување спроведено на Универзитетот Илионис вклучило 150 индивидуи кои најпрво биле изложени на тест кој предизвикува стрес. Потоа, пуштен им бил еден од десет 3D филмови кој содржел улични сцени со различна густина на дрвореди. На крајот, испитаниците пополнувале прашалник врз чија основа било меренo на каков начин сцените од филмот влијаеле врз намалување на нивното ниво на стрес.

Како што се очекува, резултатите покажале дека колку повеќе сме изложени на зеленило, толку побрзо ќе се справиме со стресот. Студијата ги зела во предвид и полот, годините и стресот со кој учесниците дошле на тестирањето.

Авторите на студијата велат дека дрворедите во локалните заедници драматично влијаат врз намалување на нивото на стрес.

Прочитајте и...  Парите не можат да купат здравје: Тејлор Свифт ѝ напиша емотивна песна на својата мајка која по вторпат се бори со рак

Меѓутоа, додека наведената студија е базирана на сведочењето на испитаниците и нивната лична проценка, едно лабораториско истражување покажало слични резултати, но на друг начин.

На Институтот за истражување на здравјето во Амстердам, научниците испитувале учесници предивикувајќи им стрес, а тоа покажувајќи им фотографии од зеленило. Истовремено, создаден е електрокардиограм кој ги мерел импулсите на електричната активност на срцевиот мускул. 

Кога учесниците гледале фотографии од зеленило дури и во градска средина нивното ниво на стрес опаѓало. Се заклучува дека чувањето слики од природа или било какво зеленило на работната маса или во средината може значајно да помогне во стресните ситуации.

Најпопуларно


To Top