Галерија

Мрачно детство: Како се образоваат децата во Бангладеш низ фотографии

Фотографот Насиф Имтиак фотографирал сиропиталиште и училиште во Бангладеш кои за жал се многу далеку од модерното образование. Во училиштата децата се школуваат со тепање.

banglades 01 284274518

Не е познато колку арапски школи ( Мадраса ) постојат во Бангладеш, но со сигурност ги има на повеќе локации.

Мадраса е арапски збор за било која образовна установа, световна или религиозна. Меѓутоа, тоа главно означува специфичен тип религиозна школа или колеџ на исламската религија.

Иако некои од децата во училиште ги пратиле нивните родители, повеќето од нив се сами, немаат никого.

banglades 02 627939585

Фотографот Насиф забележал едно такво училиште во Дака и останал под впечаток дека е обесхрабрувачка вистината колку арапски училишта во Бангладеш се далеку од современото образование.

banglades 03 791374154

Децата како и наставниците поседуваат многу малку знаење за модерната дигитална технологија. Некои училишта обезбедуваат добар квалитет на образование, но повеќето од нив сосема спротивно. Запрепастувачки е фактот што наставниците ги тепаат децата како еден вид на казна како и тоа што децата немаат пристап до телевизија.

banglades 04 271088390

Повеќето деца без родители во училиштата се малтретирани, често ги тепаат и присилени да извршуваат одредени работи како што се помагање на наставниците и перење на облеката.

banglades 05 400243740

Една од причините за ваквото однесување на учителите е тоа што и тие самите некогаш биле ученици во такво училиште па поминале низ истиот третман, а вистината е и дека многу имаат заблуди за исламската религија.

banglades 06 153479682

Меѓутоа, трошка надеж на децата во Бангладеш им даваат добрите наставници кои со љубов и внимание ги учат децата на најважните животни вредности.

banglades 07 291093523

Насиф Имтиак овие фотографии ги сподели на Your Shot, подсајт на порталот National Geographic.

Прочитајте и...  Животот во радиоактивното предградие на Јоханесбург
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top