in

Какви се луѓето кои повредуваат животни: Психолог детално објасни

По голем број ужасни снимки и слики на социјалните мрежи кои вознемируваат голем дел од нас, сигурно сте се запрашале каков е психолошкиот профил на таква личност која малтретира животни. Еве го одговорот.

Со желба да открие кои се мотивите на насилниците, како и како тие размислуваат и што чувствуваат, грчкиот ветеринар Димитрис Дукас на научна основа објасни каков е психолошкиот профил на личноста која систематски врши насилство врз животни.

– Однесувањето во кое човекот повредува животно, било да е тоа дете или возрасен, е клинички симптом на одредени ментални нарушувања. Во детството и адолесценцијата, психијатрите го карактеризираат како нарушување во однесувањето, додека кај возрасните се смета за главен показател на антисоцијално нарушување на личноста – рече Дукас.

Антисоцијалното нарушување на личноста е релативно нов поим, првпат употребен во 1980 година, а ги заменува термините психопатија и социопатија. Главни карактеристики на антисоцијалното однесување се хронична и крајна рамнодушност кон потребите, чувствата и правата на другите, додека индивидуата се карактеризира со недостаток на емпатија, неможност за усогласување со етичките и социјалните правила и незапирливо, импулсивно и често агресивно однесување кое честопати води кон конфликт со закон. Тие исто така се карактеризираат со недостаток на каење и чувство на вина.

Прочитајте и...  Како да ја процените личноста која штотуку сте ја запознале?

Д-р Дукас, кој забележал јасна врска помеѓу злоупотребата на животните и менталното здравје, подобро ги објаснува карактеристиките на луѓето кои вршат насилство врз животните…

-Возрасните насилници најчесто се мажи, во повеќето случаи се необразовани лица кои имаат ниски финансиски приходи. Тие покажуваат агресија кон животните затоа што научиле да ги третираат како објекти и не се свесни за своите постапки – објаснува Дукас.

https://www.instagram.com/p/B6ORXz0nwdO/?utm_source=ig_embed

Насилството врз животните може да биде предупредувачки аларм

Се смета дека животните се првите жртви на малтретирањето. Докажано е дека луѓето кои покажуваат агресија кон животни, во одреден момент ќе започнат да вршат насилство и врз луѓето.

Од друга страна, децата често ги имитираат родителите, па затоа кога живеат со насилник, подоцна го покажуваат истото однесување. Постои и еден парадокс. Кај луѓето кои доживеале насилнички однесување од страна на други луѓе во чувствителен период од животот, како последица се јавува потребата да бараат послаби жртви од себе, честопати животни, за да извршат насилство врз нив.

Прочитајте и...  Шест симптоми на ментални болести: Сите мислиме дека ваквото однесување е нормално!

– Многу студии покажаа корелација помеѓу злоупотреба на животни и човечката агресија, и злоупотреба на децата во детството и нивното однесување во зрелоста. Истражувањата покажуваат дека дури и најмалиот облик на насилство врз животните, подоцна предизвикува потреба за изразување агресија, заклучува ветеринарот Димитрис.

За крај, она за кое сме сигурни е фактот дека ние, како општество во целина, немаме доволно почит кон животните. Треба да работиме на тоа за да спречиме појава на исти или слични случаи на насилство врз животните во иднина.

Извор: telegraf.rs

Што мислите?

6 Поени
Upvote Downvote