Давид Велков пред два дена се врати од Кина каде беше дел од 72. Светски куп мудијал (World Accordion Championships), каде го освои одличното 13 место од вкупно 58 пријавени кандидати.

69089533 2398086050480541 1840435117454000128 n

Велков, кој е син на македонскиот врвен хармоникаш Сашо Велков, на натпреварот одржан во Шенжен, се натпреваруваше свирејќи класична музика во категоријата Masters coupe mondiale.

69413328 960707260948262 5432586158548713472 n

Давид, инаку е трета година на Факулетот за музичка уметност (хармоника) во класата на професорката Зорица Каракутовска, која е и главниот виновник за освојувањето на оваа награда и која беше и дел од жири-комисијата на ова врвно светско натпреварување, кое се одржа во периодот од 12 до 17 август.

„За овој натпревар се подготвував три месеци, што навистина е мал период за подготовка за светски натпревар од овој вид, каде конкуренцијата е преголема“, вели Давид, кој веќе има освоено многу награди, меѓу кои и една прва во категоријата јуниори во жанрот фолк музика, и тоа во соседна Србија. Вели, оваа награда му е драга затоа што не е лесно паралелно да се свират два различни жанра – класика и фолк, иако признава засега повеќе е посветен на класичната музика. Со овој избор на Давид се согласува и неговиот татко, виртуозот на хармоника, маестро Сашко Велков.

Прочитајте и...  Баба Ружа е сама и гладна – нема семејство, роднини и пријатели, без лична карта и финансии
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за