Текстови и колумни

Какви ти се мислите – таков ти е и животот!

Негативните мисли мораме да ги одбегнеме, мораме во себе да ги негираме. Мораме да мислиме позитивно, позитивните мисли да ги упатуваме за да ни ги упатат и нам, тие позитивни мисли да бидат единствени, најважни. Затоа што доколку имаме позитивн мисли позитивен ни е и животот, а доколку имаме негативни мисли негативен ни е и животот. Мораме да ги разликуваме тие два поими. Животот понекогаш ни носи многу тажни моменти, а ние ги прифаќаме многу тешко. Да, тешко, затоа што сме навикнати само на позитивни и добри вести и радосни сме, уживаме во нив. А кога ќе дојдат на ред негативните се плашиме, се нервираме, не знаеме како да постапиме, едноставно се уништуваме самите себе си со тие негативни мисли. Да, свесна сум првиот “проблем” што ќе ти се појави во животот е навистина проблем, затоа што не знаеш како да постапиш, не си искусен, не ти се случила толку голема промена во животот едноставно не знаеш да се одбраниш. Но мораш некако да се потрудиш. Како што кажав по горе мисли позитивно и позитивно ќе ти се враќа. Испраќај позитивни мисли и позитивни сигнали кон универзумот, и тој ќе ти ги возврати истите. Затоа што во универзумот постои космосот, а тоа се правилата. Правилата во универзумот се што прима од испраќачот тоа и да возврати. Ова е многу едноставно, не е некоја Филозофија туку Физика. А подоцна кога ќе се појават негативни енергии или проблеми, веќе треба да знаеме да се справиме со нив. Да постојат ама да не влијаат многу врз нас. Кога ќе се појави проблемот во животот треба да го прифатиме таков каков што е, бидејќи тоае господова работа, тоа е така, не може да се промени. Тој проблем е дојден и ќе си отиде, а нашата рана од него ќе остане вечно доколку не го спречиме. Доколку оставиме проблемот да влезе во нас, да не мачи со негативни мисли, да влијае врз нас, да ствара нервози, тешкотии ќе погрешиме. Бидејќи нервозите водат кон болест. А болеста знаеме сите, води кон смрт. Бог го создал човекот да биде здрав, позитивен, среќен. А не го создал за да страда и да се бори со болест и смрт. Бог го создал човекот за да биде негово огледало. А сите знаеме каков е бог. Затоа кога ќе ви се појави некој проблем во животот не му дозволувајте да навлезе во вас, не му дозволувајте да нанесе страдање и болка во вас. Едноставно сетете се дека вие сте дете на бог  и бог ве создал со намера да бидете здрави, среќни, весели, позитивни.

Прочитајте и...  Новото утро

Пишува: Симона Кареова

Најпопуларно

To Top
Close