in ,

Канје Вест бара развод: Ким Кардашијан имала афера

Раперот и музичарот Канје Вест изјави дека планира да се разведе од Ким Кардашијан, пренесува британски „Мирор“.

Како причина која ја наведе за разводот е нејзиното познавање со неговиот колега Мик Мил. Наводно тие се гледале во хотелот „Валдорф“ каде што разговарале за реформи во судството кои што сака Ким да ги спроведе, но Канје не верувал во тие приказни и сега сака развод.

Канје на Твитер напиша дека Ким ги поминала сите граници. Освен тоа пишуваше и неповрзани работи за реформите на затворскиот систем.

Британскиот „The Sun“ веќе пишуваше дека дошло до проблеми меѓу Ким и Канје за време на карантинот.

Мик Мил ја пофали Кардашијан за нејзиното ангажирање за реформите во затворот.

Прочитајте и...  Хајди Клум и сопругот се бакнуваат преку стакло во страв од коронавирус: Не се чувствуваме добро, мораме да се однесуваме посовесно! (ВИДЕО)

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote