Филм & ТВ

„Капетан Марвел“ – претставен нов трејлер

Марвел претстави нова снимка од очекуваниот суперхеројски филм за време на годинешниот Супер Боул. Клипот не откри многу детали, но им даде на фановите краток поглед кон акцијата која ќе се одвива како што Карол Данверс пробува да ја спаси планетата Земја од интергалактички конфликт.

„Капетан Марвел“ е 21 филм од Кинематичкиот свет на Марвел, и првиот филм со женски главен лик. Дејството се одвива во 1995 година и центрира околу пилотот Карол Данверс, која се придружува на елитниот воен тим познат како Ѕвездените сили откако ќе стане Капетан Марвел.

„Капетан Марвел“ стигнува во кината на 8 Март. Погледнете го клипот подолу:

Прочитајте и...  Што не научија ликовите од „Хари Потер“?

Најпопуларно


To Top