Ќе посакате веднаш да ги посетите: Волшебни места низ светот за одмор од секојдневниот метеж

Подгответе се да ги видите магичните сместувања низ светот кои ги подготвивме за Вас. Од геометриски бунгалови во џунгла до трансформирани вагони, Ви ги претставуваме најчудните живеалишта инспирирани од природата.

Еве ги нашите омилени:

Веднаш до океанот

Playa Viva Treehouse се наоѓа во Јулучука, Гереро – Мексико.
Оваа дрвена куќичка од бамбус е направена во форма на цилиндар има прекрасен поглед кон Тихиот Океан. Прекрасна куќичка во тропски стил која изобилува со благосостојба и внатрешен мир.

Потопена дремка

„Подводната соба“ се наоѓа на островот Пемба, Танзанија.
Оваа лебдечка куќа во Танзанија вклучува тераса на морско ниво, тераса на кров и подводна спална соба каде што спиете опкружени со прекрасниот воден свет.

Порано побожен

„Havelprater“ се наоѓа во Бранденбург, Германија.
Оваа трансформирана нео-романска црква во Германија нуди рустикален одмор полн со минимален мебел, поглед на Хавел и приватна градина.

Куќичка од соништата

„Авион 002“ се наоѓа во Шкотска, Велика Британија.
Овој дом дизајниран од архитект располага со конвексно стакло и магичен поглед кон Атлантскиот Океан.

За љубителите на планините

„Алпско засолниште“ сместено е на планината Скута во Словенија.
Ова убаво засолниште дизајнирано е од дрво со специјална надворешна обвивка и изолациски систем за заштита од надворешниот студ.

Мини Мексико

„La Casa Pequeña“ се наоѓа во Порто Ескондидо, Мексико.
Порто Ескондидо е познат по својата неверојатна храна и одличното сурфање, а оваа мала куќа дизајнирана од архитект е само уште една причина да го посетите ова место. Одликувајќи се со затворени бетонски површини што го одржуваат ентериерот ладен, Casa Pequeña комбинира високо ниво на минимализам.

Иднината е во дрвјата

„Treehotel“ сместен е во Лапленд, Шведска.
Оваа куќичка е дизајнирана на дрвја во дорма на НЛО. Поставена е во волшебен пејсаж, а гостите од тука можат да ги гледаат и северните светла – Аурора Бореалис.

Поглед кон ѕвездите

„The Starlight Room“ се наоѓа во Кортина Д’Ампецо, Доломити – Италија.
Мала кабина сместена високо на Алпите со огромни прозорци за романтични ноќи со поглед кон ѕвездите.

Подвижно, но убаво

„The Saltbox“ сместена во Кент, Велика Британија.
Мала модерна кабина лоцирана во Националниот природен резерват Елмли.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.