tijana sashka jurikj

Триесетиедногодишниот Марко М. од Белград, Србија е уапсен под сомнение дека преку „Фејсбук“ ѝ упатил смртни закани на 16-годишната Сашка Јуриќ, сестра на брутално убиената Тијана. Случајот Јуриќ го потресе регионот пред пет години, кога девојчето беше силувано и убиено од месарот Драган Ѓуриќ, по што нејзиниот татко ја основа фондацијата „Тијана Јуриќ“ и почна активно да се залага за построги казни за убијците на деца.

Уапсениот Марко на младата Сашка преку лажен профил на име Игор Ѓуриќ на „Фејсбук“ ѝ напишал:

Ќе те убијам Сашка, исто како што ти ја задавив сестрата ку*ветина. 

Тој му испратил порака и на таткото:

Мило ми е што ти ја убив ќерката, таа проклета ку*va, цел живот ќе патиш за неа додека сум во затвор.

Јуриќ за српските медиуми изјавил дека не го познава уапсениот и дека не знае зошто ги упатил заканите.

Прочитајте и...  Автобус полн со патници излетал од патот и се превртел во Црна Гора, 37 повредени

Она што е уште повознемирувачки, е што на лажниот профил, уапсениот го користел презимето на вистинскиот убиец на Тијана.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за