Случувања

Ќерката на Нина Јанева ќе се вика како омилениот лик од „Игра на тронови“

Пејачката Нина Јанева и нејзиниот сопруг наскоро ќе станат родители.

nna

Таа веќе е во шестиот месец од бременоста, а го откри и полот на бебето. Нина и Александар веќе знаат кое име ќе го добие нивната прва ќерка.

-Со сопругот уште од пред две години знаевме дека ако имаме ќерка ќе ја крстиме Арија. И двајцата сме големи фанови на серијата „Игра на тронови“, а токму Арија е и мојот омилен лик. Знам дека мојата ќерка ќе ја поседува нејзината храброст и борбеност, поради тоа и решивме да ѝ го дадеме тоа име, откри пејачката во изјава за „Убавина и здравје“.

Прочитајте и...  На ова малкумина се сеќаваат: Со кое име Здравко Чолиќ се претставуваше на почетокот на кариерата?

Најпопуларно


To Top