Македонија

Кик бокс: Македонецот Стефановски стана светски шампион

Македонскиот кик боксер Даниел Стефановски го совлада својот противник Софијан Алилуше од Франција за светската титула ИСКА и стана светски шампион.

ИСКА е една од најголемите кик бокс организации. Со победата над Алилуше Македонецот Стефановски, кој во јавноста се појавува со македонските симболи, ја освои титулата светски шампион по К-1 правила до 81,5 килограми.

Даниел Стефановски живее и работи во Цирих, Швајцарија, каде што е и роден, а неговите родители по потекло се од Куманово.

Прочитајте и...  Овој Македонец е најмладиот шампион во картинг на Балканот

Најпопуларно


To Top