МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Македонија

Кина ќе донира 4 милиони евра за 104 амбулантни возила, минибуси и опрема во здравството

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во улога на национален координатор за странска помош имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

На средбата беа разменети писма за соработка меѓу владите, а беа потпишани и два договори за неповратни грантови за реализација на проекти во секторите здравство и социјална заштита, како и научно – истражувачка дејност во висина од речиси четири милиони евра.

– Како Национален координатор на странската помош, ми претставува вистинско задоволство кога од нашите пријатели, како што е Кинеската држава, ќе обезбедиме вака значајна и внимателно таргетирата помош. Дозволете и лично, како доктор, да го изразам моето задоволство што амбасадата, а и државата Кина, одлучија помошта да ја насочат токму во здравствениот сектор, каде навистина најмногу можеме да им помогнеме на граѓаните – истакна Османи.

Тој изрази благодарност до амбасадорот Ѕуо за неговата лична заложба во одржувањето на континуитет во одличната соработка меѓу двете земји.

– Од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Кина и Македонија до сега, Кина обезбедила вкупно 325 милиони јуани помош, опфаќајќи образование, медицинска нега, научни истражувања и други области – истакна амбасадорот Ѕуо.

Тој појасни дека проектите што ќе се спроведат во претстојниот период ќе им бидат од полза на двете земји и народи, и ќе промовираат поврзаност на Балканот, со цел постигнување на заеднички развој низ регионите.

– Договорот за поддршка во здравствената и социјална заштита е финансиран со грант во вредност од 30 милиони јуани, износ кој надминува три милиони и 800 илјади евра, а преку кој ќе се набават над сто возила за потребите на здравствениот сектор, вклучувајќи и опрема, за потребите од итната медицинска помош, како и унапредување на услугите за домашните посети во здравството – истакна Османи.

Денеска е потпишан и втор договор во висина од 620 илјади јуани, или околу 80 илјади евра, наменет за донација за опремување на Институтот за молекуларна биологија.

Извор: lider.com.mk

Најпопуларно

To Top
Close