Кинески хирург изврши прва операција во светот на мозок од далечина преку 5G технологија (ВИДЕО)

Кинески хирург изврши прва во светот операција на мозок од далечина благодарение на 5G технологија, врз пациент кој бил на 3.000 км. од лекарот.

Д-р Линг Жипеи од далечина имплантирал невротрансмитер во мозокот на пациент во саботата, објавија кинеските медиуми.

Хирургот управувал со инструментите кои биле во болница во Пекинг (ПЛАГХ) од клинина во југозаадниот остров Хаинан, што е на 3000 км оддалеченост.

Хирургот рече дека операцијата траела 3 часа и завршила успешно. Пациентот страдал од Паркинсонова болест и рече дека се чувствува добро по револуционерната операција.

Лекарот користеше компјутер поврзан со мрежа 5G развиена од кинескиот гигант Huawei.

-Новиот уред овозможува поврзувања во реално време, вели д-р Линг. -Можете речиси да почувствувате пациент кој е 3.000 км далеку, рече тој.

-Сегашната 4G мрежа не дозволува хируршки операции, но се чини дека новата технологија успеа да ги реши тие проблеми, вели хирургот.

Операцијата на растојание може да им овозможи на луѓето од сиромашните области или воени зони да добијат помош од лекарите од целиот свет.

5G го направи своето деби во хирургија на растојание во јануари кога кинески доктор успешно оперираше животински црн дроб на Универзитетот за медицина во Фуџијан, додека бил на југоисточниот брег на Кина.

Прочитајте и...  iPad Air и iPad Mini со моќни процесори доаѓаат на 25 март


Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.