Случувања

Кинескиот град Шенжен забрани јадењe кучиња и мачки

Големиот кинески град Шенжен забрани јадење кучиња и мачки во рамките на сузбивањето на трговијата со диви животни поради пандемијата на коронавирусот.

Кучињата и мачките како домашни миленици воспоставија многу поблизок однос со луѓето од другите животни, а забраната за јадење на кучиња и мачки, а и на други домашни миленици е воспоставена практика во развиените земји, во Хонг Конг и на Тајван“, стои во уредбата на градските власти објавена вчера.

Кинеското врховно законодавно тело неодамна забрани трговија и конзумирање диви животни. Покраинските и градските власти ширум земјата настојуваат да ја спроведат одлуката. Шенжен досега е најконкретен во врска со проширувањето на таа забрана и на кучињата и мачките.

Некои научници се сомневаат дека коронавирусот се пренесол од животни на луѓе. Меѓу првите заразени луѓе беа на пазарот за животни во Вухан, најпогодениот град во Кина со вирусот.

Прочитајте и...  Истражување: Фејсбук го расипува расположението и работните вештини

Најпопуларно


To Top