Случувања

Кирк Даглас наполни 103 години: Ти си подарок на светот

Kirk daglas

Славниот холивудски актер Кирк Даглас, чиишто улоги ја одбележаа кинематографијата на 20 век, денеска го прославува 103 роденден.

Семејството Даглас повторно се собра за да прослави, а на „Инстаграм“ му честиташе неговиот внук Камерон, од синот Мајкл.

Среќен роденден Папи, ти си подарок на светот, ѕвезда водилка и моја инспирација, порача Камерон.

Од почетокот на филмската кариера во 1946 година, Кирк Даглас оствари повеќе од 90 филмски улоги, а ќе остане запаметен и по филмовите „Шампион“, „Пресметка кај ОК коралот“, „Патеки на славата“, „Последниот воз од Ган Хил“, „Спартак“ и многу други.

Тој трипати беше номиниран за наградата „Оскар“ за главна машка улога, но златната статуетка ја крена само еднаш, и тоа во 1996 година кога доби „Оскар“ за животно дело.

Прочитајте и...  Пред три дена за инает фаќаше микрофони со рака, сега е првиот кошаркар со Ковид-19
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top