Случувања

Китови пронајдени мртви во Германија, стомаците преполни со пластика и делови од автомобили

Смртта на китовите е симбол на шокантното непочитување на човештвото за морскиот живот.

Во јануари, 29 китови беа пронајдени заробени на бреговите околу Северното Море, област која е премногу плитка за морскиот див свет. Неодамна беа објавени детали за аутопсијата на животните.

Сепак, научниците беа длабоко вознемирени од она што го нашле во стомаците на животните.
Според соопштението од националниот парк Ваденско Море во Шлезвиг-Холштајн, многу китови имале стомаци преполни од пластични остатоци, вклучувајќи и 13 метри долга рибарска мрежа, 70 см парче пластика од автомобил и други парчиња пластика.

Некои сугерираат дека животните сметале дека предметите биле храна, како што се лигњите, што е нивен главен производ. Други, пак, веруваат дека тоа е во голема мера резултат на шокантното непочитување на човечкиот живот за морскиот живот, што резултира со преголемо количество пластика во океаните.

Роберт Хабек, министер за животна средина за државата Шлезвиг-Холштајн изјави:

“Овие наоди ги покажуваат резултатите од нашето општество ориентирано кон пластифицирање. Животните ненамерно консумираат пластика и пластичен отпад, што предизвикува да страдаат, а во најлош случај, предизвикува да изгладнат со полн стомак “.


Никола Хоџкинс од Конзервацијата за китовите и делфините изјави:


“Иако големите парчиња предизвикуваат очигледни проблеми и ги блокираат цревата, ние не треба да ги фрламе и помалите парчина кои би можеле да предизвикаат похроничен проблем за сите видови на китови,а не само оние кои вшмукуваат храна”.

Ова не е прв пат дека китот да биде пронајден мртов со внатрешнина полна со неживи содржини. Во 2011 година, млад кит беше пронајден мртов на грчкиот остров Миконос. Неговиот стомак бил толку раширен, биолозите сметале дека животното проголтало огромни лигњи. Меѓутоа, кога беа исечени четирите стомаци, беа пронајдени речиси 100 пластични кеси и други парчиња пластични остатоци.

Прочитајте и...  Слушнете го новиот хит на АРЕА - „Те спомнувам“ (ВИДЕО)

Треба да се напомене дека пластиката не е она што ги уби младите машки китови. Според National Geographic, тие починале од срцева слабост. Ова е резултат на погрешно пливање во Северното Море, најверојатно во потрага по лигњи, а потоа не можеле да ги издржат сопствените тежини на телото во плитките води. Како резултат на тоа, нивните внатрешни органи се распаднале.

Без оглед на тоа, фактот дека многу од нивните стомаци биле полни со пластика е ужасно обвинение за луѓето. Како што беше објавено во минатото, 80% од пластика која е фрлена на копно завршува во океаните, каде што со години се конзумира од диви животни. Фактот дека човештвото – вид со помал мозок од китовите – е одговорен за таква ситуација е ироничен и тажен.

Додека луѓето не ја научат вредноста на живеењето со почитување на сите форми на живот, ситуациите како што е оваа ќе продолжат да се одвиваат.

Најпопуларно


To Top