Астрологија

Кои се трите најлоши хороскопски знаци?

Овие три хороскопски знаци се мрачни, себични и не знаат како да сакаат. Верни си остануваат само на себе.

Хороскопскиот знак говори многу за вашиот карактер, доблести и мани.

Но, за овие три хороскопски знаци има и низа негативни работи кои може да бидат кажани.

Кои се трите најлоши хороскопски знаци?

Девица

Тие се малку невротични и од стрес се ослободуваат чистејќи го станот или местејќи ја облеката. Тие не знаат за љубов, а емоциите во голем дел кај нив се сведуваат на секс.

Само роботите се постудени од Девиците. Тие без размислување ќе ви забијат нож во грб и тоа промислено со длабока анализа. Знаат добро да глумат и нема да почувствувате дека ќе ве изневерат.

Кај нив нема прегратки и нежности, а кога пуштаат солзи тоа е само кога се оплакуваат себеси. На моменти се како вода што врие и немаат вистинска контрола врз својот карактер. Верни си остануваат само на себеси.

Прочитајте и...  Мажите родени во овие хороскопски знаци ги третираат жените како кралици

Скорпија

Тие се самодеструктивци кои постојано се сожалуваат. Не можат да поднесат да тонат во мизерија, па со себе повлекуваат и низа други луѓе. Утре да е крај на светот, тие нема да се шокираат, затоа што секогаш го очекуваат најлошото можно сценарио.  Не се плашат од смртта.

Љубоморни се и посесивни и без секс не можат да опстанат. Секогаш мислат дека некој кова завера против нив.

Емоционално се незрели и не се воздржуваат ако треба да се осветат некому. Често се лутат, бесни се, плачат и во тие мигови ве мразат од дното на душата. Опасни се, лукави и големи злопамтила.

Јарец

Тие се студени како роботи. Веруваат во судбина и зборот „извини“ кај нив не постои во речникот. Може да живеете со нив цел живот и да не дознаете што имаат да ви кажат. Не знаат да ги изразат емоциите со зборови.

Би ве продале за социјален статус. Кукавици се, штом видат ризик бегаат за да се спасат и лесно може да ве остават на цедило.

Прочитајте и...  Личностите родени во овие хороскопски знаци секогаш се ослонуваат на другите

Бавни се, мрачни и не знаат како да уживаат во убавините на животот. На моменти се искомплексирани и подобро е да се тргнете од нив.


Најпопуларно


To Top