Забава

Кој бил Гај Фокс, човекот чија маска денес е симбол на глобалните протести?

Маската на анонимусите денес е еден од најпознатите симболи на протестите. Но дали го знаете нејзиното изворно потекло?

На 5 ноември ширум светот се одржуваат демонстрации на активисти инспирирани од движењето на „анонимусите“, кои се залагаат за слобода на говорот, а закривени црни веѓи и бркови на бело насмеано лице тој ден можат да се видат на секој чекор.

Маската на анонимусите денес претставува еден од најпознатите симболи на бунтови и отпори против системите, како и против неправедни режими, а приказната за Гај Фокс кој стои зад таа маска е всушност приказна за неправда која во почетокот на 16 век ја трпеле католиците во Велика Британија од страна на протестантите, како и за борбата против неа.

Имено, во тоа време било опасно да бидеш католик исто колку што било опасно да бидеш крадец или разбојник, а семејствата кои не сакале да ја променат верата, често биле прогонувани, па во куќите имале скривници во случај да не наиде рација. Во такво опкружување растел Гај Фокс, млад човек од Јоркшир, кој откако мајка му се премажила за католик одлучил и самиот да премине во католицизам. Подоцна се приклучил на војската во која служел со години, а во периодот од 1595 до 1598 година учествувал во Осумдесетгодишната војна на страна на Католичка Шпанија против Холандската Република каде стекнал повеќе чинови и научил да ракува со експлозиви.

Прочитајте и...  Момче дознава дека ќе добие брат или сестра, а заради неговата реакција сите плачат од смеа (ФОТО)

На почетокот од 1604 година  Фокс почнал да се состанува со мала група на англиски католици на чело со Роберт Кејтсби. Сите тие сметале дека прогонувањето на католиците потекнува од протестантскиот крал Џејмс и дека се ќе се реши со неговата смрт. Кејтсби почнал да планира заговор откако избледела надежта дека Џејмс ќе има поголема верска толеранција, што разочарало многумина католици.

Негови соучесници во заговорот биле Џон Рајт, Томас Винтур, Томас Перси, Гај Фокс, Роберт Киз, Томас Бејтс, Роберт Винтур, Кристофер Рајт, Џон Грант, Емброус Руквуд, сер Едвард Дигби и Френсис Тресхам. На Фокс, кој имал 10- годишно воено искуство во падот на Холандската револуција му била дадена одговорноста за експлозивот.

Првиот состанок на заговарачите бил одржан на 20 мај 1604 година во една гостилница во Лондон. Еден од заговарачите предложил да го убијат кралот и неговата власт така што ќе ја кренат во воздух „куќата на парламентот со барут“.

Прочитајте и...  Мајка со искрено писмо: „Што се случи со едноставните детски роденденски забави?“

Гај Фокс и неговите соработници се сокриле во подземјето на ходниците под британскиот парламент со значителна количина на барут и чекале прилика да ја предизвикаат експлозијата кога кралот ќе го посети парламентот. Овај случај во историјата е познат како „Барутен заговор“.

Меѓутоа заговорот е откриен на властите со анонимното писмо упатено кон Вилијам Паркер, 4 барон на Монтиглу, 26 октомври 1605 година. Повеќето од заговарачите по ова побегнале од Лондон, но имало и такви кои пружале отпор. Во еден судар убиен е Кејтсби. Осум уапсени, вклучувајќи го и Фокс се прогласени за виновни и осудени на смрт. Убиството требало да биде извршено на многу суров начин- половично бесење и сечење на телото на четири дела.

Приказната вели дека Фокс успеал да скокне од бесилката и да го скрши својот врат, така што не им дозволил да го убијат на таков страшен начин. Сепак телото му било исечено и испратено во разни делови на кралството како опомена на останатите.

Прочитајте и...  89-годишна бабичка сошила 600 маски додека ги слуша Битлси (ВИДЕО)

Денес Гај Фокс е симбол на отпор кон властите. Неговиот лик се прикажува како познатата „Анонимус“ маска во борбата против интернет цензура.

До тоа дошло благодарејќи на стрипот на Ален Мур кој во осумдесетите години на минатиот век го објавил графичкиот роман „V for Vendetta“- приказна во која Британија е под тоталитарна власт. Во моментот на креативност дошол до идеја, наместо шпионски дизајн на маскираниот протагонист, да ја прикаже Гај Фоксовата маска и костим.

Познатиот стрип е прикажан како акционен филм во 2005 година, а маската им се допаднала на млади интернет активисти собрани во движењето „Анонимуси“ кои се залагаат за слобода на говорот на интернет и борбата против цензура.

Најпопуларно


To Top