Занимливости

Кој е број 1 загадувач во светот?

Пластичните цевки и кеси добиваат зголемено внимание како загадувачи, но има поголем проблем кој се пробива под радарот — филтрите од цигари.

Отпушоците кои содржат пластични филтри се најголемиот загадувач во светот.

„Многу пушачи претпоставуваат дека отпушоците се биоразградливи“ – Вели Елизабет Смит, која работи во контролниот центар за тутун во Универзитетот на Калифорнија.

Филтрите на цигарите се изработени од целулоза ацетат — вид на пластика што и е потребно дури до цела декада за да се разгради.

Но сега Европската Унија пробува да се соочи со скриениот проблем. Новите правила ги задолжуваат фабриките за производство на цигари да одделат дел од својот профит за чистење на отпушоци, како дел од пошироката иницијатива да се намали користењето на пластични производи за една употреба.

Филтрите за цигари ја загадуваат нашата околина — но дали им помагаат на белите дробови на пушачите?

Големината на проблемот

Околу 6 трилиони цигари се произведуваат годишно и околу 90% од нив содржат пластични филтри. Тоа е повеќе од еден милион тон пластика.

Прочитајте и...  ДОАЃА ЛЕТО: Со овие совети ќе ја заштитите косата

Фрлањето на отпушокот на земја е еден од најприфатените начини на загадување според Светската Здравствена Организација. Околу 2/3 од отпушоците се фрлени несоодветно — изгасени на тротоар или фрлени во атмосферските канализации, од каде што се носат во реките и океаните.

Отпушоците се број 1 отпадок собран од океаните. Волонтерите имаат собрано над 60 милиони отпушоци откако иницијативата за чистење на океаните е започната во 1986 година.

Пластичните филтри се измислени во 1950те како одговор на стравовите од рак на белите дробови.

Чадот од цигарите содржи над 250 штетни хемикалии, вклучувајќи тешки метали, арсен и полониум-210, високо радиоактивна супстанца која се користи за убиства. Најмалку 69 од овие супстанци предизвикуваат рак.

Филтрите се измислени за да го намалат ризикот од рак со блокирање на токсините.

Сепак, до средината на 1960те научниците откриле дека катранот и никотинот кои пробувале да ги сопрат се тоа што ги прави цигарите привлечни за пушачите.

Компаниите ги задржале филтрите, но ги направиле помалку ефикасни за да се дозволи никотинот да помине низ нив.

Прочитајте и...  Му се потсмевале дека има долга коса, а кога ја дознаа причината сите се расплакаа (ВИДЕО)

Во реалноста, додека филтрите за цигари блокираат неколку од токсините, прават чадот да е полесен за вдишување и ги охрабруваат пушачите да пушат повеќе. Филтрите исто така го изменуваат начинот на кој гори тутунот, со што се зголемува бројот на токсини во чадот.

Со цигарите со филтер, бројот на заболени од најчестиот вид на рак на белите дробови предизвикан од пушење без филтер се намали. Но бројот на заболени од еден друг тип на рак — аденокарцинома — се зголеми.

Накратко, филтрите не го зголемуваат здравјето на пушачите — но ја загадуваат нашата околина.

Најпопуларно


To Top