Астрологија

Кој е најголемиот кошмар на секој хороскопски знак?

Ноќните кошмари не се шега и тие сериозно можат да ја истрауматизираат личноста и да ја лишат од спиење следните неколку ноќи.

Континуираните кошмари се нешто што треба да биде споделено со својот лекар, за да може да се најде причината. Доброто е во тоа што најголемиот дел од кошмарите веќе ги забораваме по првите неколку часа од будењето.

Сепак, одредени соништа и кошмари постојано ни се повторуваат и секој пат се пореални и повпечатливи од претходниот.

Овојпат се обидуваме да ги надминеме со малку забава, односно кој е најголемиот и најчест кошмар на секој од хороскопските знаци?

Овен – голотија во јавност

Овните се плашат од тоа да бидат посрамени, па многу е веројатно дека и по неколкупати годишно го имаат кошмарот дека се разголуваат надвор од дома.

Бик – паѓање

Биковите сакаат да се чувствуваат безбедно и стабилно и ако тоа им е нарушено, ќе сонуваат како паѓаат во бездна или провалија.

Прочитајте и...  Кои се трите најлоши хороскопски знаци?

Близнаци – прогонување

Близнаците се малку параноичен знак и секогаш мислат дека од некаде ги демне опасност. Затоа не е чудно што сонуваат дека се прогонувани.

Рак – смрт на сакана личност

Раковите ги сакаат своите блиски премногу, па за нив најлошиот кошмар е смртта на личност која им значи.

Лав – паѓање на забите

Лавот знае дека неговата моќ е во блескавата насмевка, а паѓањето на забите во сонот симболизира немоќ и несигурност.

Девица – доцнење

Девиците секогаш го осудуваат доцнењето и за нив најголем кошмар би бил да им се случи да доцнат тие самите.

Вага – напуштање

Вагите имаат проблеми со напуштањето и заминувањето. Затоа и често сонуваат дека некој ги изневерува и напушта.

Скорпија – опседнатост

Скорпиите се плашат од паранормалното и од духови, сенки и демони. Затоа и во нивните кошмари токму паранормалното зазема најголем дел.

Стрелец – затвор

Стрелците често имаат кошмари дека се заглавени во визба, шпајз, автомобил или во некоја кутија и дека не можат да се извлечат оттаму.

Прочитајте и...  Дали сте среќник или најголем баксуз на светот според хороскопот?

Јарец – паѓање на важен тест

Иако веќе одамна не се во школски години, голем број Јарци се сеќаваат на стравот од паѓање на тест или испит и тоа ги прогонува дури и во соништата.

Водолија – невидливост

Ако нешто мразат, тоа е изолираност и игнорирање. Водолиите сакаат да бидат видени и затоа невидливоста е нивниот најголем кошмар.

Риби – давење

На Рибите често им е премногу од она во реалниот живот, па затоа и кога ќе заспијат, сонуваат како се дават или во вода или во своите реални проблеми.


Најпопуларно


To Top