Занимливости

Која е тајната зад оваа слика и кој ја насликал?

Сликата што се наоѓа во музејот Кролел-Мулер во Холандија се смета за една од највредните.

Неодамна беше потврдено дека уметничкото дело „Мртва природа со ливади од цвеќиња и рози“ е дело на сликарскиот гениј Ван Гог што би значело дека Ван Гог продал уште една слика за да преживее покрај „Црвените лозови насади“. Така, продал цели две слики за да може да живее.

Истражувачите, со помош на Х-зраци, успеаја да погледнат „под сликата“ и открија тајна слика нацртана од Винсент, двајца борачи кои не се видливи со голо око. Сликата е во сопственост на музејот Кролер-Мулер од 1974 година, а оваа слика долго време им предизвикуваше сомнежи на научниците околу местото на потписот и големината на платното, сега тоа сомнение на автентичност е засекогаш искоренето.

На едно платно успеал да наслика две слики. Сликал двајца борачи затоа што бил назначен да го стори тоа, а потоа го нашол истото платно, го пресликал и го продал за да може да го продолжи своето образование.

Прочитајте и...  Жена поглавар од Малави раскинала над 1500 бракови со малолетни девојчиња и ги вратила назад во училиште

Оваа слика беше продадена за 82,4 милиони американски долари, точно 100 години откако била насликана. Потоа неодамна беше продаден портрет на поштарот Јозеф Рулен за 114 милиони долари. Купувачот беше Музејот за модерна уметност во Њујорк.

Ван Гог во сликарската фела се смета за олицетворение на лицемерието, меѓутоа сомнежите на уметниците и историчарите на уметност конечно завршија со ова најново откритие за него. Тој навистина во животот продал само две слики.

Најпопуларно

To Top