Кујна

Кокосов чизкејк – вашиот нов омилен десерт готов за 20 минути

Идеален десерт за секој љубител на кокос…

Потребни состојки за кора:

250г мелена плазма
70г путер
10г какао
сок од портокал по потреба

Начин на подготовка:

Во сад се соединуваат мелената плазма и стопениот путер и се додава сок од портокал по потреба додека да се добие потребната смеса.
Се ставаат во калап за печење што се отвора (обем 28 cm) и се притискаат на дното додека се измазни смесата како кора. Се остава во фрижидер да се стврдне.

Потребни состојки за прв фил:

200г крем сир или маскарпоне
300г слатка павлака
4 лажици шеќер во прав
150г кокосово брашно

Начин на подготовка:

Во сад ја ставаме слатката павлака со шеќерот во прав и матиме додека не добиеме убав цврст шлаг. Додаваме крем сир/маскарпоне и кокосово брашно и мешаме со дрвена лажица додека не се соединат. Вака подготвената смеса се тура во калапот и се остава во фрижидер додека го подготвувате следниот фил.

Прочитајте и...  14 филмски сцени пред и по додавање на специјални ефекти

Потребни состојки за вториот фил:

100г крем сир или маскарпоне
200г слатка павлака
2 лажици еурокрем

Начин на подготовка:

Во сад ја ставаме слатката павлака и матиме додека не добиеме цврст шлаг. Додаваме крем сир/маскарпоне и еурокрем и мешаме додека се убаво се соедини. Смесата се тура во калапот и се остава во фрижидер неколку часа.

Потребни состојки за ганаш:

100г слатка павлака
100г чоколада за готвење

Начин на подготовка:

Ја загреваме слатката павлака на средна температура и додаваме чоколада за готвење. Мешаме се додека не се стопи и не добиеме хомогена смеса. Овој прелив го тураме на веќе изладената торта и повторно ја оставаме во фрижидер неколку часа.

Најпопуларно


To Top