Кујна

Колач готов за 4 минути

Овој десерт е идеален за кога сакаме да се засладиме во вечерните часови бидејќи е готов за само 4 минути, а се што ви треба е микробранова печка.

Потребни состојки:

1 јајце
4 лажици шеќер
3 лажици млеко
3 лажици масло за готвење
3 лажици брашно
1/2 лажица прашок за пециво
рендана чоколада по желба, орев, какао, цимет

Начин на подготовка:

Изматете го јајцето со шеќерот и додадете млеко, масло, брашно и прашок за пециво. По желба можете да додадете чоколада, мелени ореви, какао, цимет…

Смесата ставете ја во шолја за кафе, но наполнете ја до пола, не цела.

Ставете ја шолјата во микробранова печка 3 минути, на температура за еднаш пониска од најсилната која ја има вашата печка.

По три минути вашиот колач би требало да биде печен, зависно од печката.

По желба можете да изматите шлаг, слатка павлака и слично и од тоа да нанесете на колачот откако ќе се излади.

Прочитајте и...  Чоколадни мафини кои се топат во уста - рецепт за најсочните мафини што некогаш сте ги пробале

Најпопуларно


To Top