Кујна

Колачи со лешник кои ќе ве воодушеват

За сите љубители на лешникот. Лесно се подготвуваат, изгледаат прекрасно и нема да можете да престанете да ги јадете.

Потребни состојки:

200 мл вода
200 гр шеќер
150 гр маргарин
100 гр чоколада за готвење
150 гр мелен печен лешник
250 гр мелена плазма
околу 150 гр мелен печен лешник
околу 150 гр еурокрем

  Начин на подготовка:

Во еден сад ставете ги водата, шеќерот, маргаринот и чоколадата. Садот ставете го на тивок оган да проврие. Потоа, тргнете го садот од шпоретот и додека е жешка смесата, додадете ја плазмата и мелените лешници.
За да го забрзате процесот, смесата можете да ја ставите во фрижидер додека малку се стврдне. Од изладената смеса со мокри раце направете колачи во форма на бомбици ( излегуваат околу 60 бомбици ). Секоја бомбица валкајте ја во мелениот лешник и ставајте ја на хартија за печење.
Со помош на рачка од дрвена лажица направете вдлабнување во секоја бомбица.

Прочитајте и...  Компир во диета – Да или Не?

На крај со помош на шприц, ставете еурокрем во вдлабнатините и оставете ги да се разладат.
Пријатен апетит!

Совети:
Доколку еурокремот е тврд, можете да го загреете, но не премногу.
Овие колачи е подобро да ги направите неколку дена пред послужување, така што убаво ќе се стврднат.
Можат да се прават и во посна варијанта.

Извор: coolinarka.com

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top