Дом и Градина

Колку често треба да го дезинфицирате вашиот дом?

Сигурно се прашувате колку често треба да го дезинфицирате вашиот дом сега кога не излегувате надвор толку често.

Прво, важно е да сфатите зошто мора да ги дезинфицирате работните површини. Вирусот се шири кога некој кашла или кива. Капките се пренесуваат на работните површини или на вашите раце со кои ги допираме работите и го пренесуваме вирусот.

Вирусот може да преживее на работните површини определен период, а може да се заразите доколку се допрете по лицето.

Дури иако никој не е болен, и понатаму редовно треба да чистите и дезинфицирате дома.

Запомнете, постои разлика помеѓу дезинфицирање и чистење. Кога ги дезинфицирате површините треба да користите средство за чистење со 70 проценти алкохол.

Колкупати треба да ги дезинфицирате површините зависи од тоа колку луѓе живеат во ист простор и колку често ги делите заедничките предмети и површини. Секој пат кога ќе ве посети некој, треба да го дезинфицирате вашиот дом.

Прочитајте и...  Облеката и домот нема да ви мирисаат на цигари, трикот не може да биде поедноставен

Не мора да се фокусирате на сите површини, туку на оние коишто најчесто се допираат како што се кваки на вратите, столчиња, прекинувач за светло, далечински управувач, тоалет итн.

Најпрвин прочитајте го упатството на производот за дезинфекција. Исто така, користете ракавици и потоа веднаш измијте ги рацете.

Најпопуларно


To Top