Колку е опасна 5G мрежата?

Податоците кои 3G мрежата ги пренесува за 24 часа, 5G ќе може да ги пренесе за 3,6 секунди! Но како ќе реагира нашиот организам кога во секоја секунда 90 милијарди електромагнетни бранови удираат во нашето тело, а најмногу во главата? Еве што за тоа кажуваат професорите по информатика и медицина:

Технолошкиот напредок неможе да се сопре, но се поставува прашањето на кого му треба толкава брзина.

„Најпрво мора да знаеме дека не ги користиме само мобилните телефони со таква технологија, туку имаме серија на уреди кои се викаат интернет работи (Internet of Things) и моменталната проценка е дека тие уреди ги има околу 50 и 100 милијарди. На секој човек во просек му припаѓаат по 20 од тие уреди, а ние ги купуваме преку Али Баба и Али Ескпрес, плус професионални уреди. Тие уреди имаат одредени задачи, некои се користат за собирање метео податоци, некои за видео надзор“- објаснува Петар Кочовиќ од информатичкиот факултет.

Прочитајте и...  Родени првите растенија на Месечината

Според неговите зборови, таква технологија се користи во професионални и во аматерски намери.

„Доаѓа цела генерација на автономни возила, возила без возачи. За да не излетаат од патот или за да не се судрат со друго возило, мора да користат сигнал со 5G мрежа, бидејќи таквата брзина овозможува да се реагира во дел од секундата“- објаснува Кочовиќ.

Технологиите 2G, 3G и 4G се во домен на радиус на спектарот, а 5G мрежата е во првиот следователен домен. Тоа е микробранов спектар, а со тој спектар веќе постојат негативни искуства.

„Микробрановиот спектар дава поголеми фреквенции, поголема сила и поголема брзина. Податоците ќе се пренесуваат со брзина од 20 гигабити во секунда, а моментално преку каблите имаме само 10 гигабити во секунда, за 5G теоретски и затоа ни е потребно да можеме во што пократок период да реагираме во некои апликации“- вели Кочовиќ.

Некои 5G мрежи се нарекуваат „мрежи на смррта“.
Меѓутоа, епидемиологот Зоран Радовановиќ изјавил дека не се сите зрачења исти и дека има многу претерувања кога станува збор за зрачења.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Икеа направи завеси кои ќе го прочистуваат воздухот

„Секој 50 рак во светот е предизвикан од зрачење, но тоа е примарно од сончевото зрачење, УВ зраците и радон од земјата. Важни се тие јонизирачки зраци кои ги разбиваат хемиските врски. Ова се бранови со исклучиво ниска фреквенција, а со тоа и мала сила.“- вели Радовановиќ.

Проблемот е во тоа што кога ќе се појави некоја нова технологија, мораме да ги следиме ефектите, па потоа да константираме дали е тоа нешто штетно.

„Постои можност да во епрувета, во хемиска лабараторија нешто да споредувате, да испитувате. Можете на животни, но тие живеат кратко па дозите мора да бидат огромни. Она што е основно се епидемолошките истражувања, ние ги оставаме луѓето да бидат изложени“- изјавил Радовановиќ.

Според него, во историјата не се случило да се дојде до големо откритие, а тоа да не е искористено.

Дури после неколк децении по употребата на радоиоактивноста за утврдување дали е коската скршена, се дошло до заклучок дека британските радиолози имале 70 пати поголем ризик да добијат леукемија од останатите доктори.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Ако 5G убива птици, ќе yбивa и луѓе

„До сега се испитувани радио- бранови и ставот е дека постои можност да неможе да се исклучи можноста да добиете рак поради мобилните телефони. Ставот дека се можни канцерогени ефекти не е сигурен, ниту пак неверојатен, но сепак неможе да се исклучи. Но да постоеле поголеми ефекти до сега тоа би се открило“- објаснил др. Радовановиќ.

Резултатите се неконзистентни во многу импресивни истражувања. Анализата се работи секвенцијално, а до сега не е покажано дека мобилните телефони имаат канцероген ефект.

„Меѓутоа, паметните луѓе во случај на долги разговори користат поедноставен телефон, за да го оттргнат тој апарат, а во други случаи користат слушалки за да го намалат тој ефект.“- вели Радовановиќ.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.