Текстови и колумни

КОЛУМНА: (Не)Истраженоста на Гостивар. Проблеми поврзани со археологија

Пишува
Даниел Ѓорѓевски – Археолог

Дека Археологијата е непознат термин во мојот роден град (Гостивар) е факт. Често се случува да наидам на соговорници кои ми зборуваат за трагање злато, скриени богатства и сл. Зошто е така? Недоволното одавање на медиумско и едукативно значење на наука како археологијата допринесе да таа се сведе на авантура. Прво да ја дефинираме истата.
Археологијата е наука за ЧОВЕКОТ и неговите делувања во склоп на едно друштво, технолошки напредок и револуција – размислувања  околу истото. Во глобала, археологијата е мултидисциплинарна наука која се занимава речиси со секој сегмент од човековите делувања во рамките на едно друштво, технолошки достигнувања и психолошки феномени: Религија – верувања, толкувања и интерпретација на истите во склоп на неговите достигнувања. Како и останатите науки: Медицина, електротехника, музика; археологијата има поддисциплини кои се бават со проблемите на истите. Еден археолог не може да знае буквално се; исто како што не може да знае кардиолог за проблемите поврзани со мозокот. Од самиот старт ќе напоменам дека нема да користам археолошка терминологија и текстот  ќе содржи општи податоци кои ќе бидат можеби еден мал предизвик за зголемување на интересот околу истава проблематика.

Археологијата како што кажавме со својата мултидисциплинарност ги изучува развојните фази на човекот. Предисторија: Палеолит, Неолит, Бронзено доба, железно доба и во мала мера архајскиот период. Развојна фаза од Милиони години пред новата ера до VI в.п.н.е; Рана и доцна антика или период од V в.п.н.е до почетокот на VI в.н.е; Среден век со своите развојни фази.  Славниот Етногеограф Јован.Ф. Трифуновски (еден од доените на Југословенската етнологија; во родниот Гостивар целосно непознат) во својата монографија ,,Полог”  точно и прецизно ги има одредено границите на територијата на Гостивар. Општина која зафаќа 718 кв.км – 45% од двата Полози, несомнено има долг процес на културен развој.  Целта на овој текст е да се покаже на читателите колку големи културни ресурси поседува Гостивар и колку истите се (не)истражени. Првите податоци за кои се претпоставува дека се за оваа територија се од раната антика, датирани од периодот на третата Римско – Македонска војна(171 – 168 г.п.н.е) а се дело на Тит Ливиј и Страбон. Во нив се споменуваа текот на походот на Персеј кон северозападната граница на Македонија. И обајцата, пишувајќи за судирите на Римската и Македонската војска директно ги споменуваат  Пенестите за кој се верува дека ја имале населено територијата на денешен Полог и Околината во Градовите: Оенеум, Драудакум и 11 помали утврдени градови. Доаѓаме до моментот на (не)истраженост. Археологијата е мултидисциплинарна и своедулува со мноштво природни науки. За да зборуваме за еден културен комплекс кој има социјални карактеристики; терминизирано како Социо – културен комплекс или во првод директните врски помеѓу друштвото – социалниот дел од проблемот и културата во случајов градот Драудакум мораме да имаме доволен фонд на податоци за да се осудиме околу  претпоставка дека се наоѓа на територијата на Гостивар. Да фрламе од рака тези каде би можел точно да се лоцира е еднакво на научна фантастика. Зошто? Бидејќи од 1946 година до денес едвај можат да се набројат 5  истражувања на територија на Гостивар. Од пишаните извори мора да се спомене и патеписецот Арабјанецот ал – Идризи во делото ,,Географија” напишано кон крајот на 1153 годин. Во него се опшувал патот од Драч за Органо каде се споменуваат Архида(Охрид) и градот Булугу(Полог). Повторно, да фрламе од рака тези каде би можел точно да се лоцира и средновековниот Полог е еднакво на научна фантастика. Значајни се и податоците кои ги добивам од делата на византискиот историограф Ана Комнина која ги опишува судирите на Византија со Норманите од крајот на XI век, каде два пати го споменува Полог. Следни податоци во кои се споменува Полог добиваме од житието на Стефан Немања, настанато во првите децении на XIII век. 
Широкиот хронолошки распон од периодот на Македонско – Римските војни; Судирите на Византија и Норманите; делувањата на Стефан Немања на оваа територија до денес е огромен. Лично јас како истражувач никогаш не сум се оптоварувал со проблеми поврзани околу генезата и дирекната врска на денешното друштво и тогашните организации. Истото пак од друга страна не ми дава за право да го изоставам фактот дека друштвото и културата се директно поврзани, иако навидум различни зависат една од друг. Што сакам да кажам со истото? Нашиот степен на развој, Гостиварскиот, директно зависи од културата, културата го создава друштвото, друштвото ја создава културата. Какво душтво сочинуваме кога не ги знаеме своите најрани почетоци (колку и да не се или пак се слични) на географска територија која денес ја населуваме. Иако навидум различни, културата и друштвото имаат блиска врска, поточно имаат големо друштвено влијание врз поединец или група. И двете не постојат сами по себе. Ако цивилизација е едно друштво; културата е нивниот специфичен начин на живеење и делување. Каде сме тука ние?
Но да се навратиме на главниот проблем. Кога станува збор за археологијата во Полошко (Гостивар), за разлика од другите делови на  Македонија имаме многу сиромашен фонд на податоци. Први податоци добиваме од записите на Ѓорче Петров. во кои се споменува за урнатини – рушевини кои укажувале на контиунитет на живот. За разлика од Гостивар, Тетово каде Светозар Даојчиќ(1933) дава информации за  случајно откриената архајска гробница, општината има поголем фонд на истражувања. Првите систематски истражувања извршени од страна на Тетовчанката, др.Блага Алексова(1953) со тим на археолози на локалитетот Два бреста – Лешокго ставаат Тетово на неколку скалила погоре од Гостивар.  Резултати од истражувањето Б.Алексова ги објавила во 1959 год во научнаата статија: Средновековни наоѓалишта во Полозите;   Во Гостивар пак, првите истражувања ги врши др.Иван Микулчиќ(1970) кој ги дава првите планиметрии на тврдините во Чајле и Ѓоновица кој се објавени во: Минатото на Гостиварскиот крај преку археолошки наоди. Ова е уште еден показател за тоа колку Гостивар заостанува во културна смисла, барем околу оваа проблматика, цели 33 години. Интересен феномен е што друштвото може да се смени во социјална смисла но културата да остане иста и обратно. Дали ние како општина ќе допринесеме кон развој на нашето друштво. Немањето на музеј во градот е една од главните хендикепи. Музејот како институција има мал милион предности од различен, било да е едукативен или рекреативен карактер.

Прочитајте и...  Ти сè уште живееш во мене, иако те нема..

Уште еден показател колку Гостивар е (не)истражен е хронолошката рамка од последните две децении од минатиот век кога речиси и да немаа никакви археолошки активности, со исклучок на проектот предводен од др.Виктор Лилчиќ Адамс(1996) со наслов: Научно – истражувачки проект, Северо – западна Македонија во доцната антика и средниот век – Полог, Кичевија, Поречекој ни дава и најобемни податоци за речиси сите доцноантички и среновековни тврдини во северо – западна Македонија вклучувајќи го и Гостивар.

Сега доаѓаме до момент кога мораме да ги изнесеме сите ресурси кои ги поседува општината. Ако Гостивар зафаќа 45% од двата Полози, несомено е дека поседува огромен потенцијал кој може да даде инзворедни податоци за минатото на овој крај.  Веќе го споменавме др. Иван Микулчиќ и неговата статија Минатото на Гостиварскиот крај преку археолошки наоди. Во овој труд Микулчиќ ги има опфатено сите тогаш достапни податоци за минатото на Гостиварско, вклучувајќи фази од предисторијата.
Со изработувањето на арехеолошката карта на Македонија во том 1 и 2 имаме податоци за сите познати локалитети во Гостиварско. Тука ќе ги издвоиме позначајните кои ни покажуваат колку треба а колку е (не)истражено кај нас. Ако на само 15 – на км од Гостивар, Стенче доминира со наоди од најраните познати делувања на човекот во Полошко, неолитот; Гостивар нема археолошки активности кој ги опфаќаат овој период. Ако се земе во предвид дека во Зубовце ја имаме Тумба Пандиловa која е единствена потврдена населба од неолитот, не ни дава за право да кажеме дека сме сиромашна општина со предисториски траги. Следната развојна фаза на човековото делување во предисторијата е бронзеното доба. Иван Микулиќ тврди дека открил траги од погребни урни  кој биле еден вид на тренд во овој период во ритуалот на погребување во Стражник Дебреше. Ова ни укажува дека и во двете најрани развојни фази, животот во Гостивар не бил во застој. Дали ова уште еднаш ни укажува колку сме (не)истражени како општина? Ако во претходните децении Гостивар немал археолог, сега има, истиот ви пишува. Ниту една од општинските власти не покажа интерес за археологијата како наука, истото не мора да биде практика да во иднина бидеме археолозите игнорирани. Како прв археолог во градот чувствувам огромна должност, потреба и пред се првенствено желба да допринесам за унапредувањето на општината од културен аспект. Како автор, вам читателите би ве запрашал, барем 10 – на кој ги познаваа овие факти а не сте дел од историјата и археологијата? Неодавањето на доволно внимание поврзано со оваа проблематика не води кон културно слепило. Во случајов, слепи сме и ние археолозите. Зошто? Многу важно е да се познава структурата на друштвото за да се зборува критички за (материјални, духовни) вредности на истата. Археолошки немаме ниту 0.50% фонд на материјал за да дадеме макар и мала интерпретација на вредностите кој се кријат низ Гостиварските села.  Што би се случило доколку се дадат финансии (никој сигурно нема да работи само за ентузијазам) и се откријат нови локалитети од Неолитот и Бронзеното доба? Колку тоа би допринело за кревање на свеста на луѓето во Гостивар за значењето на културните добра на општината? Како би звучеки, се отвора археолошки парк во општината каде ќе се случуваат културни манифестации од културен карактер. Често следам на социјалните мрежи објави во кој се најавуваат настани со културен карактер. Рака на срце, истото е за почит но проблемот е што организаторите ги најавуваат во бледата копија на античкиот театар  во паркот кој е во склоп на кејот непосредно до центарот на градот. Зошто го споменувам ова? Настанот е најавен во цитирам: АМФИТЕАТАРОТ ВО ГОСТИВАР??? Недоволното познавање на општо работи води токму кон тоа слепило кое го напоменувам. Македонија нема АМФИТЕАТРИ, нели е Гостивар во склоп на Македонија? Но да се навратиме на главниот проблем. Кога станува збор за предисторијата, за континуиран развој ни говорат железнодобските населби во рамките на општината.  Почнувајќи од големото Кале во Чајле каде се потврдени наоди од железното доба, Градиште – Галате, Градиште – Горна Бањица, кале – Дебреше, Соколец – Калишта, Ветерник –  Падалиште укажуваат на еден развој кој за жал поради (не)истраженоста единствено можеме да констатираме дека е најразвиен во Гостиварско од сите предисториски фази. Се останато е само претпоставка т.е дека творците на овие населби продолжиле да опстојуваат и во раната антика на истите или нови блиски локации. Сега доаѓаме до моментот кога можеме да зборуваме за антиката. Можеме? Не! Недостигот на податоци, археолошки материјал не прави слепи пред себе и пред сите. Зошто? Бидејќи зборуваме за еден комплексен период во кој се случиле многу нагли промени. Имаме пишани податоци за Драудракум?  Да, имаме. Немаме доволно материјални траги (со исклучок на податоци кој ги дава В.Л. Адамс во 1997 год) за да барем се обидеме истиот да го лоцираме. Можам уште долго да ви зборувам колку минатото влијае врз развојот на општината, значењето на културата и сл, но дали од тоа ќе има било каков резултат ако нема било какви истражувања ? Ова е  уште еден показател кој ни укажува за тоа колку сме (не)истражени како општина. Доцната антика пак за разлика од раната, благодарение на д-р. Виктор Лилчик Адамс

Прочитајте и...  ИСТРАЖУВАЊЕ: Од овие 10 здравствени проблеми луѓето се срамат
е делумно позната бидејќи истиот ја има истражувани во сега далечната 1997 година. За тоа колку е импресивна оваа фаза покажуваат мноштво наоди откриени во Чајле, Горна Бањица, Калиште и др локалитети кој се пребогати со наоди. Монети, керамика и други движни наоди ни го потврдуваат силниот развој на овие простори. Средниот век  пак не е воопшто допрен, со исклучок на гореуменуваното истражување на д-р В.Л. Адамс. Дали ова уште еднаш ни укажува на степенот на (не)истраженост ?

1. Археолошките локалитети сé уште се „мртов“ капитал на Гостивар !
2. Гостивар нема музеј на градот Гостивар со изложени археолошки предмети, што се вообичаено главниот магнет за туристите !

Како и огромниот број заедници во Светот, така и човечките заедниции во рамките на општина Гостивар имаат потреба, да го потпрат сопствениот развој и врз културата односно археолошкиот туризам и музејската дејност.

Најпопуларно


To Top