Текстови и колумни

Колумна: Огнот ме избрка од домот. Потоа водата ме зароби таму

Живеев во Идилвајлд последниве 45 години. Тоа е мало градче во планините на Јужна Калифорнија, и се наоѓа на висина од околу еден километар. Немаме семафори. Немаме ресторани за брза храна. Немаме ниту кафе барови. Но имаме многу, многу патеки за планинарење. Pacific Crest Trail патеката поминува низ нашето градче. Луѓето доаѓаат од секаде за да не посетат, бидејќи сакаат да избегаат од градот. Порано кога имав уметничка галерија, луѓето доаѓаа и викаа дека се среќни што се наоѓаат во ваква природа.

e9c29316ea22a949058a51d4d4f24e02658b7ae8

Минатиот Јули, градот мораше да се евакуира од планината поради пожар. Сме имале и пожари до сега, но никој од нив не беше толку лош како овој. Некој го имаше предизвикано, а бидејќи се беше суво, многу брзо се прошири. Имаше и брзи ветришта тоа време, кои нормално започнуваат во Септември или Октомври. Но бевме тука, на крајот од Јули, со тие ветришта што само го туркаа пламенот нагоре кон планината.

Кога сфатив дека мора да се евакуирам, јас бев дома и го чував кучето на другар ми. Добив повик од сопственикот на станот дека пожарот е на три километри од мене. Го ставив кучето во колата и се упатив надолу по ридот. Се сретнавме со другар ми и тројцата останавме во хотел.

Беше огромен стрес за нас. Некогаш само ќе погледневме низ прозорот и само ќе го видевме чадот и пепелта кои се издигаа над планината. Немав компјутер ниту телефон со мене, а исто така не ги зедов ни лековите. Имав три кокошки, и бев смртно загрижена за нив. Едната, ја викав Ари – Араукана кокошка. Другата беше Смајли, бидејќи изгледаше како да е секогаш насмеана. Третата ја викав Убавка, бидејќи беше убава. Не можев да добијам никој да се грижи за нив.

d6ee270132571818f0ed851800ae0c346d46eb5b

За среќа, другар ми работи за локалниот весник, па успеа да се врати на ридот и да ми ги земе компјутерот и лековите. Кога го имав компјутерот со мене, објавив на Фејсбук за да видам дали некој сеуште е во градот. Друг човек кој не го ни познавав ми одговори. Им даваше храна и вода на моите кокошки и ги чуваше. Кога се вратив, првото нешто што го сакав е да ги видам моите кокошки. Добри беа. Тоа е типично за овој град, некој што не го ни познаваш да ти помогне кога ти е потребна помош.

Прочитајте и...  Срцепарателна и вознемирувачка галерија: Се случува ужас, животни горат до смрт

Пожарот не стигна до мојата куќа, пожарникарите го запреле на стотина метри подолу. Овие прекрасни пожарникари го сопреа пожарот од влегување во нашиот град.

По некое време, патиштата се отворија и луѓето повторно можеа да дојдат во градот. Тука сум од дете и ги гледам боровите целиот мој живот. Првиот пат кога ми беше дозволено да се вратам по пожарот, видов дека сите дрвја со кои имам пораснато се или црни или ги нема. Уништена бев. Мораше да застанам со колата за да плачам.

Но кога се вратив, кокошките се стрчаа кон оградата. И толку ми беше мило што ги гледам дека се добро и дека имаат енергија да дојдат да се поздрават со мене. Ги знаете кокошките, мислам дека имаат кратка меморија.

После тоа, имавме некаква нормална зима, со многу снег. Но потоа во Февруари оваа година, имавме нешто што се вика „атмосферска река“ – нешто за што никогаш немав слушнато. Испадна дека никогаш претходно немало тука. Имам видено тешки дождови, но оваа атмосферска река истури, не знам колку многу. Но многу дожд наеднаш го стопи целиот снег.

Прочитајте и...  La vie en Rose

Има три патишта што одат кон ридот. Поради поплавите и излизгувањата, сите три беа блокирани. И тука бевме, остров. Без начин да се добијат намирници. Без начин да се добијат лекови. Без струја и топлина. Луѓето немаа начин да појдат на работа. Целиот град беше погоден, а особено бизнисите и рестораните кои зависеа од туристите.

Среќна сум што сум пензионирана, немаше каде да одам. Но живеам во претворена гаража за две коли, и ми снема гас за печката кога беше многу, многу ладно. Лековите ги добивам преку пошта, па бев испаничена дека поштата нема да може да стигне. За среќа, еден од патовите се отвори по некое време, и ги добив двете.

Добивме многу покриеност од медиумите за двата настани. Станици од Лос Анџелес доаѓаа за да ја видат штетата во градот. Но никогаш не им велеа на луѓето дека е океј да се вратат тука. Не се враќаа. Па луѓето дури сега дознаваат дека уште сме тука – не изгоревме, не се удавивме.

Прочитајте и...  Во Калифорнија се отвора првиот ресторан во САД со канабис на менито

Главниот проблем сега е тоа што сеуште се затворени два од патиштата поради излизгувањата, па не добиваме толку многу туристи како претходно. Градот зависи од туризам за да преживее.

Знам дека работи како овие ќе продолжат да се случуваат. Имам читано за ефектите на климатските промени низ светот. Но да одам на ново место и да запознавам нови луѓе? Имам 71 година. Премногу сум стара за таква голема промена.

И мислам дека секаде каде и да одиме, ќе има некаков проблем со климата. Ако не сега, подоцна. Ги жалам луѓето кои живеат во Северозападот и на Источниот брег, имаат еден проблем после друг. Среќна сум. Пензионирана сум. Безбедна.

Па ќе останам тука. Овде живеат моите срце и душа. Ако нешто му се случи на Идилвајлд, ќе ми се случи и мене.

Пишува Kristy Frazier од Idyllwild, Калифорнија.

Најпопуларно


To Top