Текстови и колумни

КОЛУМНА: Родителите треба да знаат каде ги пуштаат нивните деца да се школуваат

Да се биде ученик во ова училиште значи да се истурка денот и да се нема многу изостаноци, затоа што знаење и култура нема да сретнете. Од предавањата по физика хемија и биологија, си замислуваме експерименти затоа што немаме опремени кабинети за да ги реализираме, а до лани имавме кабинетска настава, така што учениците шетаа после секој час од една во друга училница, и од интернатот до гимназија беспотребно. Професорката по биологија ни носи принтани слики затоа што немаме микроскоп за поинаку да ги видиме. Навистина некои професори се снаоѓаат и даваат се од себе за да не’ научат и покрај тоа што немаат услови. Додека друг тип на искомплексирани професори безпотребно викаат и навредуваат без причина и пишуваат ниски оценки затоа што немаш некој близок нивен познаник.

Тука професорите ни кажуваат дека дипломата на одличен и слаб ученик, нема разлика и исто вреди. Вратите на училниците се искршени, секојдневие стана потпирање на вратата со столче која може во секој момент да падне на некој од нас, учениците, или пак професор. Тука се молиме од почетокот на учебната година да ни наместат светла во училницата, затоа што од трети до седми час не се пишува во тетратка затоа што ништо не се гледа на таблата, а ни ги бараат тетратките за проверка и според тоа пишуваат оценки. Наместо да се опреми една училница, се прават огради за дворот.

Прочитајте и...  Поема за иднината

Родители! Не ги казнувајте вашите деца доколку не им се добри оценките и имаат многу изостаноци, затоа што надвор од ова училиште може повеќе да се научи отколку внатре!

Slider image

Slider image

Slider image

Slider image

Slider image

Slider image

Slider image

Slider image

Slider image

Slider image

Slider image

Slider image

Анонимна колумна на ученик од ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево

Доколку сакате да објавиме ваш текст или колумна, пратете ни на нашиот мејл: [email protected]

Најпопуларно


To Top