Случувања

Компанија нуди бесплатно пиво за сите вонземјани кои ќе избегаат од „Област 51“

Никако не е лесно да се биде вонземјанин заборен во мистериозната воена „Област 51“ (Area 51) во Невада, САД. Но, сега постои важен потик за тие мали зелени или сиви суштества ако избегаат – бесплатно пиво, пишува американскиот технолошки сајт CNET.

alien 1502038 640 1 560x390

На Фејсбук претходно е најавен „настан“ кој се вика „Јуриш во Област 51 и видете ги вонземјаните“. Над 1,7 милиони луѓе тврдат дека на 20 септември ќе отидат на тој „настан“ во легендарниот американски воен објект.

Над 800.000 луѓе планираат да влезат во Област 51, војската вели „Не обидувајте се“

Но, нема шега со добро вооружена воена сила. Воздухопловните сили на САД за „Вашингтон пост“ рекле дека играњето со доверлива локација е многу, многу лоша идеја и предупредуваат дека „Военото воздухопловство на САД е секогаш подготвено да ја заштити Америка и нејзиниот имот“.

Американското пиво „Бад лајт“ (Bud Light), познато и по безобразните реклами во кои никој не е поштеден, најпрвин објави твит на својот профил:

Прочитајте и...  ФОТО+ВИДЕО: Ја воодушевија и расплакаа публиката: Македонците победници на „Никад није касно“

„Сакаме да бидеме првиот бренд кој официјално ќе објави дека нема да го спонзорира јуришиот на Област 51“.

Тоа не траеше долго. Во среда, откако размислила, пивницата напишала нов твит:

„Зае*и! Бесплатен „Бад лајт“ на секој вонземјанин кој ќе успее да се извлече“.

Секако на сите им е повеќе од јасно дека станува збор за добра рекламна финта.

Некој од пивницата истакнал илустрирана етикета за „Универзално познато Пиво Бад лајт Спејс“ (The Universally Renowned Bud Light Space Beer), а на прашањето дали ќе може да се купи оваа „вселенско пиво“ фирмата одговорила со „нека има 51.000 ретвитови и ќе го овозможиме тоа“. Сфаќате? 51.000 – „Област 51“, се е поврзано, пишува CNET.

Твитот веќе има огромен број ретвитови и бројката расте.

Сепак тоа не е единственото име кое е замешано во наводниот „јуриш на Област 51“. ТВ личност позата по храната Гај Фиери „твитнал“ фотографија од себе како за вонземјанците пече „радиоактивни ребра“.

Прочитајте и...  МОНСТРУМ: Сопругата и трите деца си ги полеал со бензин и ги запалил!

Музичарот Лил Нас Икс издал ремикс од своето видео „Old Town Road“ за „Област 51“ со Тана и Киано Ривс, додека актерот Дени Трехо се замислува себе како води маса луѓе во „јуришот“.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top