Македонија

Кривогаштани со помош во превентивата – компанија нуди бесплатни маски за сите

Компанијата “Агро Рајчин” од Кривогаштани ги информира жителите дека бесплатно ќе поделат заштитни маски како превентива од коронавирусот.

“Поради потребата за превентивни средства за заштита од моменталната состојба со коронавирусот, Агро Рајчин од 16.03.2020 (Понеделник) ќе ги подели (БЕСПЛАТНО) маските за заштита што ги има на залиха во земјоделската аптека во Кривогаштани. Маските ќе бидат изложени на влезот на аптеката каде што ќе може да се послужите. Ве молиме бидете солидарни и земете само колку што ви е потребно! Ви благодариме”, напишаа од фирмата “Агро Рајчин” од Кривогаштани.

Поради потребата за превентивни средства за заштита од моменталната состојба со коронавирусот, Агро Рајчин од 16.03.2020…

Gepostet von Агро Рајчин Agro Rajcin am Sonntag, 15. März 2020
https://www.facebook.com/watch/?v=233383617703645
Прочитајте и...  Конкурс за нови композиции на „Охрид фест 2019“

Најпопуларно

To Top