Македонија

Концерт под отворено небо: „Љубов и револуција“ во Градски парк

По фантастичниот прв концерт „Ну погоди“ кој го проследија илјадници вљубеници во музиката од најразлични генерации, следува премиерна изведба на вториот концерт во рамки на циклусот „Филхармонија на отворено“. 

ljubov i revolucija1

Во сабота во 21 часот во Градскиот парк премиерно ќе прозвучи концертот насловен „Љубов и револуција“ на кој публиката ќе има можност да ги чуе најпопуларните песни од поп-рок и панк музиката кои претежно ги одбележаа 90-тите години.

Под диригентската палка на Џијан Емин и во негови аранжмани ќе бидат изведени песни на култните Рејдиохед, Ник Кејв, Бисти бојс, Продиџи, Нирвана, Дејвид Боуви, Секс пистолс, Клеш, Џими Хендрикс, Пинк Флојд, Рамштајн…

Заедно со оркестарот на Филхармонија, ќе настапи и хорот „ПроАрс“ чиј диригент е Сашо Татарчевски, кој ќе биде главен носител на проектот.

И овој концерт, како и првиот, претставува уникатна идеја во смисла на тоа ваков тип на композиции да бидат изведени од страна на симфониски оркестар и хор, што е ретка практика и во светот.

Прочитајте и...  Храбро се бори со сите препреки: Да и помогнеме на Марија да добие протеза за раката

И двата концерти се реализираат во соработка со Младинскиот културен центар и Град Скопје.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top