Здравје

Кондоми кои ја менуваат бојата во контакт со сексуално преносливи болести добиваат награда за изум на годината

Сексот е основата на човечкото постоење. Да признаеме, без него никој од нас не би бил овде. Тоа е прекрасна и задоволувачка активност која им помага на луѓето да се поврзат и да ја зајакнат својата врска. Но исто така може да доведе и до болести. Ова е причина зошто треба да се практикува безбеден секс.

Една од многуте опции за безбеден секс се кондомите. Тие се евтини и се достапни во многу аптеки, маркети, трафики и слично. Кондомите овозможуваат заштита од сексуално преносливите болести и спречуваат бременост во 98% од случаите кога се користат правилно.

Сепак, кондомите и не се толку безбедни. Иако нивото на заштита од сексуално преносливите болесни е големо, сепак постои ризик дека партнерот може да ве зарази со болест која ја има.

За жал, луѓето понекогаш ги лажат своите партнери дали имаат некоја сексуално пренослива болест. Ова значи дека можете да ве префати болест од некој што претходно ви кажал дека нема. Ова цело сценарио го прави сексот застрашувачки, но не треба да биде така.

Прочитајте и...  Здравјето и шеќерот: Се повеќе јадеме слатко – што е проблем и како против тоа да се бориме

Ако само постоеше начин да дознаете дали партнерот има некоја сексуално пренослива болест нема да прифатите да имате секс со него. Сепак, има начин. Новиот тип на кондоми можат да ви помогнат.

Тројца тинејџери од Академијата Исак Њутон во Англија добиле брилијантна идеја за нов тип на кондоми што ќе ви помогнат да откриете дали вашиот партнер има сексуално пренослива болест.

„На кондомот ќе има антитела кои ќе реагираат со антигените од сексуално преносливите болести предизвикувајќи кондомот да ја промени својата боја во зависност од болеста. На пример, ако кондомот е изложен на кламидија ќе добие зелена боја или жолта за херпес, виолетова за ХПВ и сина за сифилис.“

Тинејџерите што го осмислиле ова откритие имале само 13 до 14 години кога ја добиле оваа идеја. Триото ја освои првата награда на Teen Tech U.K. во 2015 година и добиле парична награда која им помогнала да ја развијат нивната идеја.

Прочитајте и...  Оваа билка може да го замени кафето, а покрај тоа е и многу здрава

Овие кондоми изгледа имаат светла иднина. Сепак ќе потрае додека тие да бидат достапни на пазарот. Постојат бројни грижи за тоа како ќе функционираат овие кондоми. Некои од нив се:

-Дали овие кондоми ќе бидат во можност да детектираат сексуално преносливи болести кај двајцата партнери?
-Што ќе се случи ако кондомите детектираат повеќе од една болест?
-Што откако ќе биде детектирана болест?
-Што ако кондомите ги користат далтонисти или слепи луѓе?

Има голем број на останати грижи кои ќе се адресираат во следните години додека прототипот на овие кондоми кои менуваат боја е усовршен. Дотогаш можеме да се надеваме за иднина каде што кондомите се побезбедни и сексуално преносливите болести се поретки.

Најпопуларно


To Top