Направете си сами своја дневна доза. Земете агруми – лимон, портокал, грејпфрут, мандарина или лимета, па кога ќе ги изедете темелно измијте им ја кората и исечкајте ја.

Ставете ја кората на чиста памучна крпа и оставете ја неколку дена на собна температура додека не се исуши.
Потоа ставете ја во блендер додека не се претвори во прав. Добиениот прав чувајте го во сад со капак и оставете го на суво и ладно место.
Консумирајте најмалку една лажичка прав дневно, така што ќе го додавате во супи, салати, сок…
Кората на агрумите содржи многу висока доза на витамин Ц и е богата со ензими и фитонутриенти, а вкусот е навистина пријатен.
Уживајте!
