
Потребни состојки:
250 гр маргарин
200 гр чоколадо за готвење
150 гр шеќер
8 лажици мед
200 гр исечкани ореви
1 кутија пченкарен корнфлекс
Начин на приготвување:
На тивок оган се растопуваат маргаринот и медот, шеќерот и чоколадата. Се додаваат исечканите ореви и корнфлексот. Убаво се меша и се трга од оган. Додека е жешко со лажиче се полнат книжни калапи. Се оставаат да се изладат. Добар апетит!