Македонија

Коронавирусот зеде две нови жртви, регистрирани нови 16 случаи

На клиниката за инфективни болести починаа двајца, соопшти министерот Венко Филипче.

Еден пациент на 91-годинша возраст кој осум дена бил во болница, и пациент на 31-годишна возраст, кој вчера бил ставен на респиратор, но за жал, утрово починал.

Вкупниот број на нови заболени е 16, со што вкупниот број се искачи на 257.

На Инфективно има тројца од Скопје и од Куманово. Вкупно има 48 луѓе во болницата.

Стабилна е состојбата на сите други, како и на оние кои се на домашно лекување.

За неколку дена седум пациенти ќе може да бидат пуштени дома, затоа што тестовите покажуваат дека се негативни на корона вирусот.

Прочитајте и...  18 новозаболени од коронавирус во Македонија, вкупно заболени 219 лица

Најпопуларно

To Top