Короваи: Запознајте ги мистериозните канибали, „луѓето од дрвјата“

Домородците од индонезиската област Папуа живеат необичен начин на живот длабоко во дождовните шуми …
55cde1b2d39043d60d8b45c1

Светот за Короваите (познат и како народот Колуфо) беше информиран кога се објави веста дека тие живеат во куќички изградени на дрва.

Племето се состои од околу три илјади луѓе, а до 1970 година живееле потполно несвесни дека покрај нив има и други луѓе на планетата. На крајот на оваа деценија, на нив им се придружија христијански мисионери, и се верува дека тоа влијаело врз нив да ги извршуваат канибалистичките ритуали поретко, иако одбивале да го прифатат христијанството.

korovaji upoznajte nisteriozne kanibale ljudse s drveca 01 978117554
The Korowai man it suggests to be treated cooked saga worms. June 24, 2012 in Onni Village, New Guinea, Indonesia, Image: 143384752, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Alamy

Сепак, овие обичаи не изумреле целосно – на почетокот на 21 век, беше објавен документарен филм во кој беше откриено дека Короваите сè уште јадат човечко месо. Поточно, ако племето се сомнева за некој член дека е волшебник или khakhua , се одвива судење, а во случај да се потврдат обвиненијата осудениот е измачуван, убиен и на крајот племето ги јаде неговите остатоци. Исто така, постојат тврдења дека Короваите го јадат само човечкиот мозок (и тоа жежок) и дека бремените жени и децата не консумираат човечко месо.

korovaji upoznajte nisteriozne kanibale ljudse s drveca 02 804109953
Portrait of korowai people, Image: 143476049, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Alamy

Она што е интересно за Короваите се нивните домови. Куќите се изградени на колови високи меѓу осум и дванаесет метри, затоа што веруваат дека почвата им припаѓа на духовите кои најмногу се движат ноќе. Тие остануваат во една куќа пет години, освен ако некој член на семејството не умре во неа. Во тој случај, тие се селат веднаш.

korovaji upoznajte nisteriozne kanibale ljudse s drveca 07 426237136
Korowai PEOPLE welcome guests at the traditional house on a tree. New Guinea Island, Indonesia. June 24 2012, Image: 147664352, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Alamy

Мажите ловат и градат стапици за животни, додека жените прават брашно од преработена пилевина. Нивното општество е поделено на кланови, обично составени од повеќе семејства.

korovaji upoznajte nisteriozne kanibale ljudse s drveca 03 386152682
Portrait of Korowai man on the green forest background, Image: 143577181, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Alamy

Во последниве години, забележано е дека Короваите сè повеќе ги напуштаат своите традиции, се спуштаат во околните села и ги прифаќаат достигнувањата на западната цивилизација. Сепак, голем дел од племињата сè уште го набудуваат светот од нивните возвишени домови и се придржуваат кон правилата утврдени од нивните предци …

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.