Случувања

Костарика планира да биде првата земја која ќе ја искорени употребата на пластика и јаглерод до 2021 година

Костарика е една од топ 5-те земји во светот што одат на патот кон обновливи извори.
Можеби е мала, но таа има огромно влијание врз животната средина. Од 2014 година, 99 отсто од енергијата на оваа земја е од обновливи извори и таа била 100 отсто на обновлива енергија повеќе од два месеци, двапати во изминативе две години. Од јуни 2017 година си поставиле за цел да ја искоренат употребата на еднократна пластика до 2021 година – првата земја во светот што планира да го направи тоа.

Уште од 80-тите години, владата сфати дека главното средство на самата земја е природата и токму затоа прави сѐ за да ја заштити.

Во изминативе 4 години, Костарика генерирала 99 отсто од нејзината електрична енергија од обновливи извори користејќи ги нејзините реки, вулкани, ветрови и соларна моќ. Хидроелектричната фабрика на реката Ревентазон била пуштена во функција во 2016 година, а станува збор за најголемата фабрика од ваков вид во Централна Америка. Освен тоа, има и седум ветерни турбини и соларна фабрика. 3/4 од обновливата енергија доаѓа од хидроелектрични фабрики што ја користат водата од реката; останатото е геотермална моќ и моќ на ветрот проследено со биомаса.
На Светскиот ден на природната средина минатата година, земјата го најави новиот национален план за искоренување на еднократната употреба на пластика до 2021 година. Од тој момент па натаму, пластиката била заменета со алтернативи што се 100 отсто рециклирачки и биоразградувачки и не се базирани на нафта. Земјата има техничка и финансиска поддршка од програмата за развој на ОН која им помага да го постигнат ова.

Прочитајте и...  БОМБА: Згодна е како тројно помладите, а таа е славната 69-годишна пејачка (ВИДЕО)

Претходно оваа година, Карлос Алварадо Кесада беше избран за нов претседател на Костарика и неговиот прв акт во канцеларијата беше огромен чекор кон намалување на карбонизацијата.
За време на неговата инаугурација, тој ја најави неговата иницијатива за забрана на фосилни горива како и за создавање на првото декарбонизирано општество.

-Декарбонизацијата е најголемата задача за нашата генерација и Костарика мора да биде една од првите земји во светот што ќе го постигне тоа, ако не и прва – изјави тој.

Иако признава дека создавањето на општество без јаглерод е огромен предизвик, тој е уверен дека може да го постигнат.

– Ослободувањето од фосилните горива е голема идеја која доаѓа од мала држава. Идејата започнува да добива меѓународна поддршка со растот на новите технологии.
Земја која за брзо време се ослободува од фосилните горива, фокусирањето на транспортот, може да испрати моќна порака до светот – вели економистот Моника Араја, експерт за обновливи извори и директор на „Костарика Лимпија“, компанија што промовира обновлива енергија и електричен транспорт.

Извор: http://www.thinkinghumanity.com

Најпопуларно


To Top