Свет

Крај на повеќевековната традиција: Французите продаваат 1.500 замоци

Весникот „Ле Фигаро“ пишува дека скоро 1.500 стари замоци во Франција наскоро ќе се најдат на продажба.

shutterstock 585917441 966133155

Тие се повикуваат на стручни лица и трговци со недвижнини. Некогаш овие имоти припаѓале на аристократските семејства и се пренесувале како наследство на следните генерации, но современите сопственици сè почесто се решаваат да ги заменат со друго живеалиште.

„Времето на сопственост на еден дворец се намали на осум години во просек“, изјавил Оливие де Лоргерил, претседател на здружението на сопствениците на дворци. „Но, она што потенцијалните купувачи би можело да ги одврати, се високите трошоци за одржување на замокот, од камените подруми до високите кули како од бајките“.

Извор: N1

Прочитајте и...  Овој човек го освоил Монт Еверест, а не ни излегол од својот дом
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно

To Top
Close