Животински свет

Крал на влекачите: Запознајте го човекот кој живее со 400 диви животни

Филип Жије живее во Франција и ги обожава влекачите. Тој во неговата скромна куќа живее со кобра, џиновска желка од 50 кг и два алигатори долги два метра, а има и колекција од најмалку 400 животни кои кај многу предизвикуваат фобија – тарантули, гуштери и змии.

francuz zivi sa 400 reptila aps Reuter Stephane Mahe 963073349

Жије (67) повеќе од две децении собира влекачи и се грижи за нив во својата куќа во западна Франција во близина на градот Нант, а омилени му се неговите алигатори Али и Гатор од кои еден спие со него во кревет, а другиот ја чува куќата, пренесува Ројтерс.

francuz zivi sa 400 reptila 1 Reuter Stephane Mahe 367462032

Али и Гатор се спасени од фарма која се занимавала со обработка на кожа, а поголем дел од животните за кои се грижи се домашни миленици кои некогашните сопственици ги фрлиле или му ги поклониле.

francuz zivi sa 400 reptila 2 Reuter Stephane Mahe 241514791

„Мислам дека не е фер да ги третираме овие животни на начинот на кој што го правиме тоа само затоа што не ги разбираме.“, изјави Жије хранејќи ги алигаторите со пилешко.

francuz zivi sa 400 reptila 3 Reuter Stephane Mahe 879763691

Жије вели дека луѓето овие животни не ги разбираат, ги мразат и ги сметаат за ужасни, но „кога ќе ги запознаеме, тие доаѓаат кон нас кога ќе ги викнеме и јадат од нашата рака“.

francuz zivi sa 400 reptila 4 Reuter Stephane Mahe 508183598

Овој љубител на влекачите напоменува дека ги има сите потребни дозволи за чување и транспорт на животните поради изложбите на кои учествува со цел да ја разбуди свеста кај луѓето за влекачите.

francuz zivi sa 400 reptila 5 Reuter Stephane Mahe 820215264

Тој вели дека неговите соседи немаат ништо против нивното необично соседство и дека редовно одат кај него на кафе не плашејќи се од влекачите бидејќи знае дека најопасните змии се во друга просторија.

francuz zivi sa 400 reptila 7 Reuter Stephane Mahe 687556670

Сепак, локалната противпожарна служба е претпазлива – имено, добиле инструкции да не влегуваат во неговата куќа во случај на пожар, пренесува Ројтерс.

francuz zivi sa 400 reptila 8 Reuter Stephane Mahe 158145902
Прочитајте и...  Камила се смее додека ја скокоткаат
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top