in

Кратка историја на Велигден: Од неделата на Христовите страдања до денес

Велигден, со кој се слави воскреснувањето на Исус Христос од мртвите е најважниот верски празник за христијаните.

Нарекуван е и „шетачки“ пост затоа што секоја година не паѓа на ист датум, како што е тоа случај со повеќето верски празници. Всушност, христијанските цркви на запад го слават Велигден во првата недела по полната месечина веднаш по пролетната рамнодневица на 21 март. Оттука, Велигден може да падне некаде помеѓу 21 март и 25 април секоја година. Православните христијани го користат јулијанскиот календар за да пресметаат кога Велигден ќе дојде, и вообичаено го слават празникот две недели по западните цркви, кои се раководат според грегоријанскиот календар.

Повеќе од 2.000 години Велигден е централен настан во христијанската црква: на воскреснувањето на Исус Христос се гледа како на исполнување на библиското пророштво на месијата кој ќе се издигне од мртвите и на оние на небото ќе им дарува вечен живот. (Христос воскресна од мртвите, смртта со смрт ја уништи и на тие во гробовите живот им дарува)

Прочитајте и...  Наставничка на балони ги учи малите ученици како да се бришат со тоалетна хартија

40-дневниот пост завршува на Велика или Страсна недела во знак на одбележување на библиските настани што се случија на Велики четврток, Велики петок, Велика сабота и Велигден.

Популарноста на Исус им сметала на римските власти, тој за нив претставувал закана, а тие се спротивставувале на неговото учење. Непријателското расположение кон Исус Христос дополнително се зголемило по триумфалното влегување на Исус во Ерусалим каде го дочекала група луѓе кои поставувале гранки од палма на патот пред него. (Влегувањето во Ерусалим е празникот Цветници кој се слави недела пред Велигден, а ден по воскресението на Лазар – Лазарова сабота)

На Велики четврток за време на вечерата – која подоцна во историјата ќе остане запаметена како Тајната вечера, Христос им рекол на своите ученици дека еден ден некој од нив ќе го предаде, а потоа ги повикал заедно да јадат леб и пијат вино (неговото тело и крв).

По вечерата Исус бил уапсен. Го предал еден од неговите ученици, Јуда Искариотски, кој го предал Христос во замена за 30 парчиња сребро.

Прочитајте и...  20 смешни цитати за бракот

И покрај тоа што го осудиле Исус, тие и го тепале во ќелијата. Гледајќи дека народот сега се свртел против Исус, Понтиј Пилат, управител на римската провинција Јудеја, го осудува на смрт. Исус Христос на Велики петок бил распнат жив, на начин на кој биле осудувани злосторниците и бунтовниците. Тој починал на крстот и бил погребан во една пештера каде што неговото тело лежело цел нареден ден кој се одбележува како Велика сабота.

Христијаните го слават Велигден на различни начини. Протестантите практикуваат молитва на изгрејсонце, а католиците ноќта помеѓу Велики петок и Велика сабота излегуваат на литургија. Православната црква која Велигден го слави според Јулијанскиот календар го слави тринаесет дена подоцна во однос на останатите цркви, а го дочекува со света литургија на полноќ.

Со текот на годините, одбележувањето на Велигден се меша со паганските обичаи што ја слават пролетта. Еден од нив е и популарниот обичај на пристигнување на велигденскиот зајак кој носи јајца-симболи на новиот живот.

Прочитајте и...  Христијани носат црвен конец: Круг околу раката со посебно значење, но религијата вели нешто друго

Постојат неколку теории за тоа каде настанала оваа традиција, но ниедна од нив не е научно потврдена.

Во секој случај, бојадисувањето јајца, велигденскиот зајак и дарувањето се голем дел на современото славење на Велигден.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote