Видео

Краток филм кој расплака милиони: Кучето не е играчка која може да ја фрлите

Дали некогаш сте размислиле како изгледа светот низ очите на кучето? Дали мислите дека кучето е само играчка која може да ја оставите кога ќе ви досади?

Тоа е тука за вас да ви биде забавно, ве слуша, ве дружи, но понекогаш и тоа има свои потреби.

Многу луѓе не сфаќаат дека кучето е живо суштество со емоции исто како и човекот, па често знаат да го запостават или да се откажат од него како да е обична играчка.

За да се крене свеста и грижата, компанијата DeadLens Pictures сними краток филм кој над милион луѓе остави замислени и без зборови, по крајната сцена.

Прикажан е животот на едно куче, но преку ликот на девојче, за да се изедначат емоциите и реакциите.

Родителите често на своите деца им подаруваат куче за да си играат, но забораваат дека тоа е и обврска, па кога ќе им стане тешко или досадно, лесно се откажуваат и го оставаат, заборавајќи како тоа се чувствува.

Прочитајте и...  Осамените делфини со нов пријател - Погледнете како го пречекаа мрзливецот


Најпопуларно


To Top