Креативни, интелигентни, способни- Денес е Светски ден на левораките

Тринаесетти август важи за Меѓународен ден на левораките луѓе. Се одбележува од 1984 година на иницијатива на Меѓународната конфедерација на левораките.

shutterstock 135271790

Има многу интересни факти и статистики врзани со луѓето кои почесто ја употребуваат левата, отколку десната рака. Еве неколку од нив:

– 11% од населението во Европа се левораки
– Во осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век левораките немале право да се венчаат, ниту пак да имаат деца
– Во Велика Британија постои здружение кое е основано во 1990 година со задача да им го олесни животот на левораките
– Кина е најнаселена држава, но има најмал процент на левораки од само 1,5%.
– Во 12% од случаите со еднојајчани близнаци, едниот е леворак, другиот деснорак
– Левораките се личности кои најчесто имаат коефициент на интелигенција над 130
– Се смета дека луѓето чија десна мозочна хемисфера е поразвиена, а левата рака поагилна, имаат предност во спортовите како тенис, бокс и мечување.
-Подобри се во мултитаскинг, што е резултат на начинот на кој работи нивниот мозок – побрзо, па затоа им е и полесно да ги сортираат различните информации. Покреативни се!
-Многу членови на британското кралско семејство пишуваат со лева рака, како кралица Елизабета II, принцот Чарлс и принцот Вилијам
-Познати левораки луѓе низ историјата и сегашноста се: Наполеон, Леонардо да Винчи, Алберт Ајнштајн, Исак Њутон, Чарлс Дарвин, Бенџамин Френклин, Бил Гејтс, Опра Винфри, Барак Обама, Анџелина Џоли, Никол Кидман, Џенифер Лоренс и други.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.