Потсетете се на детството и мирисот на крофните на баба правејќи ги овие сочни крофни по рецепт на баба.

Потребни состојки:
- 2 јајца
- 1 коцка квасец
- 1 чаша јогурт
- 1 kg брашно
- 300-350ml вода
- Половина лажичка сол
- 5 лажици шеќер
- 200g шеќер во прав
- 100ml масло
- Крем или мармалад по желба
Начин на подготовка:
Во топла вода растопете го квасецот и додајте го јогуртот.
Солта, шеќерот, брашното, маслото и јајцата додавајте ги постепено. Замесете тесто и оставете го да отстои 15 минути.
Потоа развлечете го и исечете кругови со помош на чаша со големина по желба. Оставете ги да стојат 10тина минути, а потоа пржете ги во врело масло.
Готовите крофни, додека се топли, проросете ги со шеќер во прав и наполнете ги или премачкајте ги со крем или мармалад.
Уживајте!